КОЈ Е МАЖОТ НА КОЛИНДА? Работи во швајцарска фирма, а се знае и колкава му е платата

Фото: Профимедиа

Јаков Китаровиќ е сопруг на претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, кој има редовна работа, но и хонорарен ангажман кој му се плаќа околу 25.000 евра годишно.

Основниот ангажман е во компанијата АД Пластик, но од една швајцарска фирма зема и голем годишен хонорар.

Во имотниот лист на Колинда се наведени примањата на нејзиниот сопруг. Но, како што дознава „Тпортал“, тој хонорарно работи ви швајцарската компанија Сентинел Холдинг, која е регистрирана во градот Цуг, истиот град каде својата фирма ја основал и неславниот ивица Тодориќ. „Тпортал“ наведува дека овој град е познат и како даночна оаза.

Јаков Китаровиќ е магистер на електротехнички науки и работи на проек за имплементација на сигурносни технологии за најновите генерации на уреди за широка потрошувачка. Во фирмата е повеќе од три години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот