КОЈ Е МАЈК ПОМПЕО: Бара смртна казна за Сноуден, а е против абортус дури и во случај на силување и инцест

Фото: Profimedia

Американскиот државен секретар Мајк Помпео, денеска ќе пристигне во Охрид,  каде ќе се сретне со шефот на државата Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и шефот на дипломатијата Никола Димитров. Предвидено е Помпео да го посети и манастирскиот комплекс „Света Богородица Перивлепта“.

Како што соопшти Стејт департментот, Помпео уште еднаш ќе истакне дека Договорот од Преспа е храбар чекор на лидерите на Северна Македонија и на Грција за стабилизација и просперитет на регионот и за влез на земјата во НАТО и ЕУ.

Помпео претходно ги посети Италија и Црна Гора, од каде што и доаѓа во Охрид. Од земјава, тој ќе замине во Грција.

Кој е Мајк Помпео?

На позицијата државен секретар на САД, Помпео дојде од директорката позиција во американската Централна разузнавачка агенција. Тој лани седна во фотељата на Рекс Тилерсон, а меѓу трамповите најблиски соработници, важи за еден од најгласните во однос на Северна Кореја.

На чело на ЦИА, Помпео ја поддржа американската влада во темелното собирање на податоците за комуникациите на Американците.

Во авторската статија објавена во 2016 година, тој повика на собирање „податоци за податоците“ во врска со телефонските комуникации во САД и комбинирање на овие податоци со информациите за финансиите и за начинот на живот за да се оформи единствена база на податоци.

Помпео еднаш кажа дека Едвард Сноуден, поранешниот соработник на Агенцијата за национална безбедност (НСА), за тоа што го направил, треба да биде осуден на смртна казна.

„Мислам дека соодветен исход би била смртна казна поради тоа што моите пријатели, своите пријатели што денес служат во војската, ги изложи на огромен ризик поради информациите што ги украде и потоа им ги предаде на странските сили“, кажа Помпео.

Помпео, кој е евангелистички христијанин, е голем противник на абортусот, дури и во случаи на силување и инцест. Би го допуштил само ако е доведен во прашање животот на мајката. Помпео исто така гласаше против планираното родителство, нарекувајќи го „најголем комерцијален трговец со абортуси во САД“. Тој смета дека државата не смее да го финансира практикувањето на абортуси.

Помпео е пензиониран офицер на американската копнена војска, а дипломирал на Воената академија на САД во Вест поинт и на Правниот факултет на универзитетот Харвард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот