Кој е „каталонскиот Мандела“, професор и политичар кој е осуден на 13 години затвор

Фото: Profimedia

Мистериозниот професор и една од клучните фигури на каталонското сепаратистичко движење, Ориол Жункерес е најголемиот товар на пропаднатиот обид за независност, настан кој ја предизвика најголемата политичка криза во Шпанија од смртта на Франциско Франко, пишува Телеграф.рс.

Жункерес, професорот кој стана политичар, во понеделникот беше осуден на 13 години затвор за својата улога во спроведувањето на забранетиот референдум на 1 октомври 2017 година и подоцнежното прогласување на независност.

Долгогодишниот поборник за каталонската независност и во тој период, потпретседател на регионалната влада, Жункерес, беше еден од највисоките од 12-те поранешни официјални лица, изведени на судење, бидејќи првиот човек на движењето, Карлс Пуџдемон побегна во странство.

Педесетгодишниот татко на две деца одлучи да остане и од тогаш веќе помина две години во затвор.

Тој за себе тврди дека е политички затвореник, што Шпанија одлучно го одрекува.

Фото: Profimedia

Иако зад решетки, успеа да го задржи својот статус во Каталонија и избран е и во шпанскиот и во Европскиот парламент.

Роден е во Барселона на 11 април 1969 година. Живеел со татко му и мајка му, медицинска сестра, и се образувал во италијанско верско училиште.

Иако е дискретен кога станува збор за неговото детство, каталонскиот весник “La Vanduardia” напиша дека тој почнал да ја поддржува независноста кога имал само осум години.

Жункерес е полиглот кој, покрај мајчиниот каталонски, зборува и шпански, англиски и италијански јазик. Како доктор по историски науки, предавал на Автономиниот универзитет во Барселона. Во 2007 година, од училницата, се преселил во политиката, прво како локален моќник, потоа како еврозастапник и од 2011 година како градоначалник.

Истата година ја презел челната позиција во Каталонската републиканска левица, партија која тогаш била просечна, а тој за неколку години ја претворил во водечка сила која заговара независност.

Партијата продолжи да ја води и од затвор обидувајќи се да ги придобие оние Каталонци, кои се противат на одвојувањето од Шпанија.

Жункерес во 2016 година стана каталонски потпретседател и беше задолжен за организација на забранетиот референдум.

Еден од бившите членови на неговиот кабинет, кој сакаше да остане анонимен, го опиша како „многу претпазлив и строг“.

Иако без сомневање е човек кој бара лојалност, Жункерес има репутација на личност која избегнува тешки прашања, а на многумина, дури и на оние кои му биле блиски, им останал мистериозен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот