Кој е Каспер Руд – човекот меѓу Рафа Надал и 22 грен слем титула?

Рафаел Надал (Шпанија) против Каспер Руд (Норвешка) за титулата на „Ролан Гарос“/Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Норвешкиот тенисер ќе се обиде да го направи невозможното, Рафа само трипати досега беше поразен на „Ролан Гарос“.

Каспер Руд денеска од 15.00 часот во Параз, Франција, ќе го одигра своето прво Грен слем финале, ни помалку ни повеќе, туку против Рафаел Надал, неговиот идол.

Руд стигна до финалето со победи над Жо Вилфред Цонга, Емил Русувури, Лоренцо Сонего, Хуберт Хуркач, Холгер Руне и Марин Чилиќ. Интересно е тоа што за Руд ова е прв Грен слем што оди подалеку од осминафиналето, иако извесно време е меѓу првите 10 играчи во светот, моментно е осми.

Уште како тинејџер, омилен тенисер му беше Надал, кого го гледаше од трибините на стадионот „Филип Шатрије“ во финалето на Ролан Гарос во 2013 година.

Норвежанецот тренираше во академијата на Надал во Мајорка, а омилена подлога му е земја, на која бележи најдобри резултати.

За тоа сведочат и успесите што му претходеа на Отвореното првенство на Франција, откако ја освои титулата во Женева, додека во Рим беше елиминиран во полуфиналето од Новак Ѓоковиќ кој подоцна го освои турнирот.

Надал по Ролан Гарос ја завршува кариерата, му „умира“ коската во стапалото?!

Во кариерата Руд досега има осум титули, од кои само една на бетон, а сите други на земја. Двапати беше најдобар во Буенос Аирес и Женева, а еднаш во Сан Диего, Кицбил, Гштад и Баштад. Своите тениски способности и љубовта кон тенисот Каспер ги наследил од својот татко Кристијан, кој не бил толку познат, но некогаш бил меѓу 50 најдобри во светот.

Руд ќе има практично „невозможна“ задача – да го победи Надал на Ролан Гарос и да го спречи да стигне до 22. Грен слем титула, односно 14. во Париз. Без разлика на исходот од финалето, Руд се очекува да има голем подем во претстојните сезони, бидејќи има само 23 години.

Швјонтек ја потврди доминацијата, надмоќно трумфира на Ролан Гарос

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот