Кој е францускиот херој што влезе во пламен за да ги спаси реликвиите во Нотр Дам

Пожарот во Нотр Дам привлече големо внимание во светот, а Франција во пожртвуваноста да се спасат вредните работи го виде новиот херој.

Свештеникот Жан Марк Фурние покажа храброст кога огнот почна да ја зафаќа целата катедрала, но сепак влезе внатре со пожарникарите.

Тој успеа да спаси две од најзначајните реликвии од Нотр Дам: Христовиот сакрамент и круната.

-Свештеникот е апсолутен херој. Не покажа ниту малку страв, влезе во огновите и отиде право кон реликвиите, рече еден од пожарникарите.

Фурние и во 2015 година по масакрот во кој беа убиени 89 луѓе беше на услуга на францускиот народ, поддршка на ранетите и на семејствата на убиените.

Фурние бил и во мировна мисија во Авганистан, а во 2004 година преживеал заседа во која биле убиени 10 војници. Пожарот во Нотр Дам не ги оштети бакарните скулптури на 12 ученици на Христос и четворицата евангелисти, бидејќи во процесот на реконструкција биле отстранети. Некои позначајни слики се оштетени од чадот и водата на која биле изложени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот