Кој е еден од главните приоритети на Путин?

Еден од главните приоритети со кои се соочува руската влада е борбата против сиромаштијата, вели Песков.

Приоритет број еден за рускиот претседател Владимир Путин е борбата за намалување на бројот на оние кои се под прагот на сиромаштија, вели портпаролот на Кремељ, Дмитриј Песков.

Тој додава дека постои цел низ од програми во Русија кои се насочени на намалување на сиромашното население.

– Понекогаш, за жал, светската реалност, како што беше глобалната криза од 2008 година, како кризата без преседан поврзана со пандемијата во 2020 година, негативно влијаат врз реализацијата на владините планови, но, тоа сепак не значи дека некој ќе седи со скрстени раце, додава портпаролот на Кремељ.

Тој нагласи и дека националните проекти во време додека се уште трае борбата против вирусот може да претрпат корекции, но најважно е тие да функционираат.

За потсетување, во Русија откриени се 6.611 нови случаи на корона, а од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 687.862 лица. До сега како последица на компликации од корона вирусот почибале 10.296 пациенти, а оздравеле 454.329 лица.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот