Кој е Декстер, соработникот на Беливук уапсен во Австрија со 10 килограми хероин?

Дарио Ѓорѓевиќ, наречен Декстер, наводно високопозициониран член на кавачкиот клан, беше уапсен во понеделникот во рамки на полициска истрага во Австрија. Тој бил фатен со 10 килограми хероин и фалсификувани документи.

Уапсен соработник на Беливук: Декстер „падна“ во Австрија со 10 килограми хероин

Интересно е дека полицијата пред извесно време го пријави неговото исчезнување и се најде на список со околу 15 имиња на мажи чија судбина не беше позната, а за кои се зборуваше дека биле жртви на Вељко Беливук.

Се сомнева дека Ѓорѓевиќ е организатор на криминална група чии членови пред еден месец беа уапсени во Виена, како и дека е близок пријател на Вељко Беливук и Марко Мијковиќ, а наводно на сметка на кавачкиот клан ги организирал убиствата на Александар Шарц, Лазар Вукичевиќ и Драган Ристиќ.

Ѓорѓевиќ во 2008 година учествувал во конфликт меѓу две групи на луѓе во Калуѓерица, кои тогаш биле означени како криминални банди, а настрадале две лица – Владимир Досковиќ и Далибор Миленковиќ – по еден од двете страни, додека две лица биле повредени. 

Во тепачката учествувале повеќе од дваесет лица. Двете групи се судрија на ливада каде пукале во сите правци и запалиле факели. Полицијата открила многу чаури, при што некои лица осомничени за пукање, биле уапсени, додека други биле во бегство. Тогаш Ѓорѓевиќ беше меѓу осумте уапсени кои беа осомничени за сторено тешко убиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот