Кој е човекот што го уништи дрим тимот

Американската кошаркарската репрезентација, популарниот „дрим тим“ кој во последните десет  години го сочинуваа најдобрите играчи од НБА лигата, на Светското првенство во Кина ќе настапи во десеткуван состав.

Најдобрите кошаркари како Ентони Дејвис, Џејмс Харден, Демиен Лилард, Си Џеј Меколум еден по еден го откажуваа настапот  на Мундобаскетот во Кина.
Дел од најпознатите американски новинари го обвинија менаџерот на Џејмс, Дејвис, Симонс и Томпсон, Рич Пол дека е главен виновник за распадот на дрим тимот.

Пол инсистираше неговите клиенти да не играат за своите репрезентации за да не ризикуваат евентуални повреди, а со тоа им прави и услуга на НБА екипите кои неволно дозволуваа нивните играчи да бидат дел од меѓународните натпреварувања.

Пол прво успеа да ги натера новите соиграчи во ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис да се откажат од репрезентативните настапи, а нивниот потег предизвика лавина откази и од други НБА ѕвезди. Згора на тоа, го натера Бен Симонс да ја откачи Австралија, а Тристан Томпсон, Канада.

Рич Пол патот кон славата го започна како продавач на дресови и во тие моменти го запозна Џејмс.  Пол му продаде дрес на Меџик Џонсон по што и двајцата стануваат пријатели, а кога Леброн Џејмс одлучи да влезе во професионалните води го побара токму Пол да му биде менаџер.

Иако немаше искуство за менаџерската улога, тој поседуваше нешто поважно, желба да го научи занаетот. За тоа колку стана добар, доволен доказ е тоа што е менаџер на тројца од 20-те најдобри кошаркари на денешницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот