Кој е човекот на кого Албин Курти му отиде на посета веднаш по победата? (ФОТО)

Фејсбук/Адем Миколовци

Кандидатот за премиер на Косово, лидерот на Самоопределување, Албин Курти, еден ден по изборите и прогласувањето на победата, отиде во посета на поранешниот пратеник на неговата партија и познат косовски актер, Адем Миколовци. Оваа посета привлече големо внимание во медиумите, а на Фејсбук беше објавена од страна на Миколовци.

Од фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа лидерот на Самоопределување заедно со актерот и политичарот како разговараат и несомнено Курти уживал во оваа посета.

Фејсбук/Адем Миколовци

Миколовци е познат актер и тоа не само во Косово туку и пошироко, а тој беше и поранешен пратеник од Самоопределување, но поради здраствени причини не беше дел од пратеничката листа на последните избори.

„На првиот ден од големата победа, идниот премиер на Репбликата, господин Албин Курти го посети пранетникот Адем Миколовци дома“, напишал тој.

Фејсбук/Адем Миколовци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот