Кој е баталјонот Азов кој го брани Мариупол?

мариупол
Мариупол/ Фото Mikhail Tereshchenko / TASS / Profimedia

Со недели, јужниот украински пристанишен град Мариупол се спротивставува на рускиот напад, а во одбрана е и националистичкиот баталјон од околу 800 доброволци, јави Би-Би-Си.

Азов баталјон беше формиран за да се спротивстави на сепаратистите поддржани од Русија кои ги зазедоа областите во источна Украина во 2014 година. Името го зеноси по внатрешното Азовско Море на кое лежи Мариупол.

За Украинците, овие бранители се херои, кои се спротивставуваат на многу побројните руски агресори и ги губат животите во бомбардирањето во кое загинаа над 2.000 цивили во Мариупол и оштетени се околу 90 проценти од објектите.

За Русија тие се неонацисти и нивното потекло лежи во неонацистичка група наречена Патриот на Украина. Тие ја носат паганската ознака Wolfsangel, која ја користеле озлогласените нацистички СС единици и била фаворизирана од неонацистите. Но, баталјонот вели дека ги претставува само првите букви од слоганот Национална идеја.

Оригиналните екстремистички водачи на доброволците од Азов сега ги нема, а баталјонот е дел од Националната гарда на Украина, под формален надзор и команда на владата, велат локалните власти.

Украина во последниве години презема репресии против неонацистите и во парламентот нема националистички партии, пишува Би-Би-Си.

Баталјонот моментално привлекува широка мешавина на националисти, ултранационалисти и други млади луѓе обединети во омразата кон Русија. Половина од нив доаѓаат од исток, а многумина зборуваат руски јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот