Кој е Александар Шаленберг? Министерот предложен за иден австриски канцелар

Министерот за надфорешни работи на Австрија, Александар Шаленберг/ Фото EPA-EFE/VALDA KALNINA

Австрискиот канцелар Себастијан Курц синоќа си поднесе оставка. Тој го предложи министерот за надворешни работи, Александар Шаленберг, за негов наследник.

52 -годишниот Шаленберг е австриски дипломат, адвокат и политичар.

Роден е на 20 јуни 1969 година во Берн. Од 2019 година, тој беше министер за надворешни работи во владата на канцеларот Себастијан Курц. Како син на австриски амбасадор, тој израснал во Индија, Шпанија и Франција. Од 1989 до 1994 година студирал право на Универзитетот во Виена и во Париз. По дипломирањето, ги продолжил студиите на Европскиот колеџ до 1995 година. Во 1997 година, Шаленберг влегол во австриското Министерство за надворешни работи.

На 3 јуни 2019 година, тој ја наследи Карин Кнајсел како министер за надворешни работи на Австрија. Тој ја задржа својата позиција во вториот кабинет на Себастијан Курц.

Министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг/ Фото EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Разведен татко на четири деца

 Шаленберг, дури и во преодната влада, продолжи со курсот на Курц по прашањето за проширувањето на ЕУ. Тој продолжи да го поддржува проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и е еден од министрите кои отворено се спротивставија на одбивањето да започнат преговори за пристап со Албанија и Северна Македонија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот