Кој ден во неделата каква боја на облека да одберете за да ви носи среќа

Секој ден во неделата си има свој астро-владетел и палета на нијанси кои треба да ги форсирате за среќа.

Ако сакате вашиот ден да биде суперпродуктивен, можеби е добро да го погледнете „хороскопот“ на боите на облеката која треба да ја носиме од понеделник до недела.

Понделеник

Понеделникот е под заштита на Месечината. Облечете облека во светли бои, комбинирајте ја со неутрални нијанси – крем, бледо жолта, сребрена и бела.

Вторник

Вторникот е ден со кој владее планетата Марс. Среќни бои за овој ден се црвена и браон. Розовата е исто така среќна боја за вторник.

Среда

Под закрила на Меркур, носете облека во зелена, жолта и црвена боја.

Четврток

Со четвртиот ден во неделата владее Јупитер, планетата на среќата. За среќата да биде на ваша страна облечете гардероба во сина, виолетова или индиго нијанса.

Петок

Најтоплата планета Венера раководи со петокот. Задоволета ја оваа планета носејќи облека во сребрена, тиркизна, розова и црвена боја.

Сабота

В сабота заборавете на светлите тонови. Сатурн не го сака нередот во боите, а ја сака темната облека, па облечете се во темно сиво, црно или темно сино.

Недела

Недела е денот на Сонцето. Изберете облека и модни додатоци во силни бои – жолта, портокалова и златна.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот