Кој би сакал да пее со неа?! Девојките од „Spice Girls“ ја одбиле Адел да им се придружи на бината (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Пејачката Адел (31) се појави на последниот концерт во склоп на повратничката турнеја на популарната поп-група „Spice Girls“, чиј е инаку голем фан. Меѓутоа, Адел не била повикана од групата на бината за заедно да ја испеат нејзината омилена песна.

Една од девојките Мел Си (45) открила како членовите на групата во договор одбиле заедно да пеат со Адел од страв дека ќе ги засени со нејзините гласовни спосбности.

Фото: Профимедиа

– Слушнав некои гласини дека сакала да ја испее песната „2 become 1“. Одбивме, бидејќи кој би сакал да пее покрај Адел – рекла Мел Си.

– Не е тајна колку ги сакам и колку ме инспирираа да трчам по животот и никогаш да не гледам назад – рекла во една прилика Адел за нив.

– „Spice Girls“ последен пат ги видов на Вембли стадионот пред 21 година. Вечерва сум со моите најдраги и плачев, па се смеев, танцував и се заљубив во десетгодишната во мене. Конечно ја запознав Гери, се напив со девојките и не можам да верувам дека колку далеку сум стигнала. Благодарам за ова лудило кое го живеам, не би го можела тоа без вас, пет британски легенди. Ве сакам вас – напишала Адел на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот