Кои ЗГОДНИ МАКЕДОНКИ се во филм?!

Убавиците се викаат Ангела Ѓоргиева, Бојана Нушкова, Евгенија Ризова, Маја Андоновска Илијевски и Катерина Кузмановска. Тие се петте девојки во филм.

Станува збор за мултимедијален едиторијал за колекцијата „Три“ на модниот дизајнер Папаз.

-Оваа колекција претставува симбиоза на стилови од западни и источни култури, претопени во модна силуета адаптирана на нашето поднебје. Изобилува со елеганција и носливост, вбројува блузони и капути со кимоно и ранглан ракави, здолништа и панталони во широк крој и вечерни фустани. Токму овие пет дами ги избрав да бидат дел од овој мултимедијален едиторијал со една цел – моќно да ја пренесат пораката, ни рече Папаз.

Додека вие уживате во фотогалеријата, ние да ве потсетиме дека „Слободен печат“ секогаш ќе ја поддржува работата на македонските креатори. А јавните личности, особено политичарките кои нè претставуваат во светот, секој ден ќе ги потсетуваме да ја промовираат македонската креативна индустрија преку тоа што го носат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот