КОИ СЕ ЖЕНИТЕ ОД БАЛКАНОТ КОИ ГИ БАРА ЦЕЛА ЕВРОПА: Зорка претепала должник, Оливера убила златар, а Меланија е во бегство 10 години

Измами, убиства, грабежи се само некои од кривичните дела поради кои неколку жени од Балканот се најдоа на листата на најбараните бегалци на стариот континент која во рамките на кампањата „Злосторството не знае за пол“, Европол ја објави на својот сајт.

Погледнете кои жени од Балканот се наоѓаат на врвот на потерниците кои ги издава Интерпол:

Зорка Рогиќ

Зорка Рогиќ (28) е позната во хрватската јавност уште во 2014 година, кога со уште двајца соучесници брутално претепала должник во својот стан. Тогаш хрватските медиуми пренесоа дека мажот и должел околу 2.000 марки, а во таа прилика таа повеќе пати го удрила со шолја за кафе по глава, додека нејзините пријатели го удирале со пиштоли, се додека не се онесвестил. Продолжила да се занимава со криминал, а три години подоцна Општинскиот суд во Ријека распишал две потерница за две кривични дела за кои таа се бара, иако е во бегство од 2014 година.

Првото дело за кое Зорка е осомничено е недозволено производство и ставање во промет на опојни дроги, а второто е недозволено производство и препродажба на оружје и експлозивни направи.

Меланија Стропник

Измамничка која со своите матни бизниси успеала да собере повеќемилионска сума, Меланија Стропник, се наоѓа во бегство повеќе од една деценија. Таа е осомничена дека во периодот меѓу 2000 и 2001 година успеала да ја убеди жртвата во нејзиниот бизнис да вложи околу 190.000 долари, со ветување дека тие пари ќе му се вратат кога нејзината измислена фирма ќе оствари профит.

Секако, набргу откако жртвата ги дала парите Меланија исчезнала, со што го заземала местото на листата од најбараните жени за кои трага полицијата во Европа.

Оливера Петровиќ Ристиќ

Уште една државјанка на Србија која е на листата на најбарани жени на Европол во рамките на новиот проект, а земјата која по неа трага е Италија. Оливера се нашла на оваа листа поради убиство на златарот Алд Карли.

Таа е опишана како иницијатор за убиството на Карли, иако соработувале во разгранета мрежа на проституција. Италијансктие медиуми уште тогаш пренеле дека постојат сомненија дека убиениот Карли уште од 2011 година блиско соработувал со Оливера, на која во период од седум години и позајмил дури 240.000 евра, во кеш или во накит.

Од време на време Петровиќ наводно му давала и сексуални услуги за пари и накит, а постојат сомненија дека таа го убила поради материјална корист.

Слободанка Боба Тошиќ

Некогашната мис на Босна, Плејбој зајачицата и учесничка во ријалити шоу, Слободанка Боба Тошиќ, се наоѓа на листата на најбарани жени на Европол поради обид за убиство на својот кум Џорд Ждрала.

Обидот се случил во април 2006 година, а улогата на Тошиќ била да ја намами жртвата на местото каде други лица чекале во заседа за да го извршат убиството.

Две години подоцна Тошиќ пред судот во Бих била осудена на две и пол години затвор поради соучество, но и поради членство во организирана криминална група, додека Дарко Елез, кој е директно осомничен за убиство бил ослободен од обвинението во Србија. Така, на крај, мисицата остана единствена осудена во овој прдмет.

Вишња Аќимовиќ Беба

Уште една Србинка за која е распишана потера е Вишња Аќимовиќ, попозната како Беба. Обинителството на БиХ отворило обвинение против неа поради стрелање на 37 Бошњаци во 1992 година.

Радио Слободна Европа пренесува дека во 2017 година Ачимовиќ е сослушана во Белград, при што изјавила дека нема доверба во обвинителството во БиХ, односно дека нема да одговори на повикот на судењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот