Кои се судиите што ќе му судат на Ѓоковиќ: Екс советник на кралицата Елизабета и правници со 40-годишно искуство

Новак Ѓоковиќ ја чека финалната одлука дали ќе настапи во Мелбурн/ фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Новак Ѓоковиќ вечера од 23.30 часот по средноевропско време ќе ги започне својот исказ пред сојузниот суд во Мелурн откако австралиските власти по втор пат му ја укинаа визата.

Министерот за имиграција Алекс Хок, го искористи правото да му ја укине визата на Ѓоковиќ бидејќи претставува опасност за австралиските државјани, откако претходно федералниот судија Ентони Кели, и нареди на владата да му ја врати визата на Новак и да му овозможи да ја брани титулата на Австралија Опен.

Судијата Дејвид О’Калахан го усвои барањето на адвокатскиот тим на Ѓоковиќ и за судбината на српскиот тенисер ќе одлучуваат тројца судии, покрај него, тоа ќе бидат уште и Џон Олсоп и Ентони Бесанко.

Џон Олсоп е 69-годишен Сојузен судија кој целата професионална кариера ја помина во правосудството како адвокат, а потоа и како виш советник и советник на кралицата Елизабета Втора за Западна Австралија. Од 2012 година Олсоп е врховен судија.

Тој е експерт за поморско право и поради својата професионална работа во јавноста е познат и под прекарот „Адмирал“. Олсоп во 2013 година беше прогласен за офицер на австралискиот ред поради големите заслуги во правосудството и во примената на законите. Олсоп е главен судија во Федералниот суд.

Ентони Бесанко беше судија во Врховниот суд на Јужна Австралија, за во 2006 година да биде поставен за судија во Федералниот австралиски суд. Бесанко од 2001 годиа е во Врховниот судна Јужна Австралија, а во судството дојде како претседател на адвокатската комора на Јужна Австралија.

Дејвид О’Калахан има четиридецениско искуство во австралиското правосудство. Тој во 1986 година стана член на адвокатската комора на Викторија,а од 2017 година е Сојузен судија. Исто така од 2003 година беше виш советник во сојузниот суд и беше ангажиран во решавање на спорови во корпоративното право, рударството, градежништвото и енергетиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот