Кои се спонзорите на екипите во Премиер лигата

Екипите во Премиер лигата се очекува во наредната сезона да заработат дури 388 милиони евра, што претставува раст од 10 проценти во однос на минатата сезона.

Како доминантна област која доминира на дресовите на премиерлигаше е обложувачката и коцкарската индустрија.  Дури половина од екипите во Премиер лигата на предната страна од дресовите, како главен спонзор им се компании кои се занимаваат со обложување но и коцкање.

Сепак, екипите од големата англиска шесторка, Манчестер сити, Ливерпул, Тотенхем, Челси, Манчестер јунајтед и Арсенал, се имуни на големите компании за обложување и главни спонзори им се автомобилски и авио компании, банки, производители на автомобилски гуми и осигурителни компании.

Доминацијата на компаниите кои заработуваат  од обложување е поизразена во втората англиска лига по квалитет, Чемпионшип, каде на дури 17 од 24 екипи, главни спонзори им се компании кои работат сообложување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот