Кои се највредните фудбалери тинејџери

твитер

Десетте фудбалери според трамсфермакт вредат повеќе од половина милијарда евра.

Поговорката дека светот на младите останува најдобро ја отсликува состојбата во светскиот фудбал.

Мега ѕвездите Лионел Меси и Кристијано Роналдо веќе се длабокот во четвртата деценија од животот и се очекува во најскоро време време, за неколку години да заминат во пензија.

Но, тие уште сега имаат достојни наследници, а десетте најдобри тинејџери кои се родени 2000. година или подоцна, според специјализираниот сајт Трансфермарк, вредат повеќе од половина милијарда евра.

Листата ја предводи англискиот репрезентативец кој игра за Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо кој е проценет на 130 милиони евра. Германскиот тим најави дека доколку гигантите сакаат да го купат олдичниот фудбалер ќе мора да платат најмалку 110 милиони евра.

Втор на листата е соиграчот на Санчо, норвешката машина за голови, Ерлинг Халанд кој вреди 80 милиони евра, но доколку продолжи и понатаму со одличните игри тогаш вредноста постојано ќе му се зголемува.

По двоецот од Борусија, следи дуото на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор и Родриго. Двајцата Бразилци по калењето во вториот тим на Реал, сезонава се дел од првиот тим и имаат забележителни настапи со што покажаа дека не се случајно дел од најголемиот светски фудбалски клуб.

Високо котира и Феран Торес од Валенсија кој како и играчите на Реал Мадрид е проценет на 50 милиони евра.

Играчот на Рен, Едуардо Камавинга моменто вреди 42 милиони евра, а голем интерес за него пројавуваат Челси и Манчестер сити.

Чудото од дете на Барселона, Ансу Фати, кој стана најмлад стрелец во историјата на клубот е проценет на 40 милиони евра, а по него следат Калум Хадсон-Одои, Мејсон Гринвуд и Џонатан Дејвид.

Топ 10 највредни тинејџери
Џејдон Санчо (Борусија Дортмунд) 130 милиони евра
Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд) 80 милиони евра
Винисиус Жуниор (Реал Мадрид) 50 милиони евра
Родриго (Реал Мадрид) 50 милиони евра
Феран Торес (Валенсија) 50 милиони евра
Едуардо Камавинга (Рен) 42 милиони евра
Ансу Фати (Барселона) 40 милиони евра
Калум Хадсон-Оди (Челси) 35 милиони евра
Мејсон Гринвуд (Манчестер јунајтед) 32 милиони евра
Џонатан Дејвид (Гент) 25 милиони евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот