Кои се најдобрите градови за живеење во светот за 2022 година?

свет
Фото: Pexels/Unsplash

„Economist Intelligence Unit“ ја објави годишната листа на најдобрите градови живеење во светот, а истата покажува некои забележителни разлики од претходната година, пренесува „CNN“.

Рангирани биле 173 градови низ светот според различни фактори, вклучувајќи ја здравствената заштита, стапката на криминал, политичката стабилност, инфраструктурата и зелени површини.

Големи победници

Севкупно, оваа година Европа доминира на листата, со шест места во првите 11 (едно место го делат два градови). Копенхаген, кој Си-Ен-Ен Травел го прогласи за главен град на Европа во декември 2021 година, го освои второто место. Швајцарија е единствената земја во Европа која има два градови во топ 10, со Женева на шестата позиција и Цирих на третата позиција. Сепак, генералниот победник е Канада со три градови на листата – Калгари, Ванкувер и Торонто.

виена
Виена / Фото: Unsplash / Antonio Secerovic

Најлоши градови за живеење

Минатогодишниот победник, Окленд, испадна од топ 10 во 2022 година и се најде на изненадувачкото 34-то место. Најзабележителен пад на ранг-листата годинава имаше Австралија. И покрај тоа што беше на врвот на листата во минатото, Мелбурн падна на 10-то место во 2022 година. Во 2021 година, Австралија доминираше на листата, при што Бризбејн, Аделаида и Перт му се придружија на Мелбурн во првите 10. Оваа година тие се рангирани на 27, 30 и 32, соодветно.

Велингтон, главниот град на Нов Зеланд, беше на четвртото место во 2021 година, но исто така испадна од најдобрите 10 оваа година. Иако Европа беше многу добро рангирана во 2022 година, сепак, недостасуваат два значајни градови – Лондон и Париз. Сепак, зголемените трошоци за живот веројатно одиграле важна улога во рангирањето на двете метрополи, како и одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија. Тековниот глобален конфликт беше фактор број еден што одредуваше кои земји се рангирани на дното на листата. Дамаск, Лагос и Триполи беа оценети како најлошите градови за живеење во светот. А, Киев воопшто не бил анализиран оваа година поради тековната војна во Украина.

Копенхаген
Копенхаген / Фото: Unsplash / Nick Karvounis

Најскапи градови во светот

На почетокот на овој месец, глобалната компанија за мобилност ЕКА ја објави својата листа на најскапите градови за живеење во светот. Хонг Конг ја имаше „честа“ да се најде на првото место, а првите пет места ги заземаат Њујорк, Женева, Лондон и Токио. Единствениот град што се појави и на двете листи е токму Женева. Рангирањето на најскапите градови беше одредено исклучиво од економски фактори – просечна кирија, цена на гасот и слично – за разлика од другата листа, која ги разгледува културните атракции на градот како музеи и концерти, како и инфраструктурата како масовниот транзит.

цирих
Цирих / Фото: Unsplash / Henrique Ferreira

Топ 10 градови за живеење во светот

1. Виена, Австрија
2. Копенхаген, Данска
2. Цирих, Швајцарија
4. Калгари, Канада
5. Ванкувер, Канада
5. Женева, Швајцарија
7. Франкфурт, Германија
8. Торонто, Канада
9. Амстердам, Холандија
10. Осака, Јапонија и Мелбурн, Австралија (го делат истото место)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот