Кои се најдарежливите донатори и хуманитарци од САД?

Фото: EPA/ED ZURGA

Американскиот медиум „Форбс“ направи листа од 25-те најголеми донатори, а еве кои се најдарежливите од нив.

Американскиот магазин „Форбс“ истражи кои се најголемите донатори во САД (поголемиот дел од нив делуваат на глобален план), земјаќи во обзир податоци за периодот од 2014 до 2018 година, пренесува српски „Блиц“.

Од „Форбс“ напоменуваат дека ги земале во обзир само парите кои стигнале до крајните корисници, а не оние кои се ветени.

Американскиот медиум направи листа од 25-те најголеми донатори, а еве кои се најдарежливите од нив.

Ворен Бафет

Најголемиот американски филантроп и донатор е инвеститорот Ворен Бафет, кој во период од пет години донирал дури 14,7 милијарди долари. Неговото вкупно богатство изнесува 90 милијарди долари.

Ако се земат во предвид податоците од 2006 до денес, тој вкупно донирал 34 милијарди долари преку акции на својата компанија „Berkshire Hathaway“.

Најмногу пари дал за „Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс“, кои се негови пријатели. Оваа фондација работи со борба против сиромаштијата и подобрување на здравството во земјите во развој.

Тој исто така помага и во образованието, социјалната правда и за подобрување на правата на жените, низ фондациите кои ги водат неговите деца.

Бил и Мелинда Гејтс

Втори на листата на најголеми донатори се Бил и Мелинда Гејтс, кои за пет години донирале 9,9 милијарди долари. Нивното моментално богатство изнесува 109,6 милијарди долари.

Тие управуваат со најголемата светска хуманитарна фондација која има 46,8 милијарди долари со кои управува.

Непрофитната фондација е фокусирана на борбата против глобалната сиромаштија, економски развој, здравство, еукација и вкупно донирала 50,1 милијарди долари преку грантови од своето основање во 1994 година.

Џорџ Сорос

Третиот најголем донатор е Џорџ Сорос, кој главно се ориентира на економскиот развој и човековите права. Тој за тие цели потроши 3,1 милијарди долари за пет години, а неговото вкупно богатство е 8,3 милијарди.

Унгарецот кој живее во САД е познат по својата фондација Отворено општество која е присутна во Источна Европа, а познато е дека поддржува и бројни проекти на Балканот.

Фондацијата генерално поддржува проекти како оние за борбата за гласачки права, реформи на правосудните системи, медиумски слободи и иницијативи за човекови права.

Мајкл Блумберг

Четврт најголем американски донатор е Мајкл Блумберг, кој се фокусира на климатските промени и здравството, за што потрошил три милијарди долари за пет години.

Поранешниот градоначалник на Њујорк и претседателски кандидат особено е заинтересиран за контролата на оружјето, јавното здравство и зачувување на животната средина.

Неговата фондација „Bloomberg Philanthropies“ потроши повеќе од милијарда долари за го сузбие користењето на цигари во последната деценија.

Семејство Валтон

Петти на листата најголеми донатори се членовите на семејството Валтон. Тие вложуваат во едукација и зачувување на животната средина, а за пет години донирале 2,3 милијарди долари. Но, тоа е само дел од неверојатната сума од 181,4 милијарди долари колкушто има најбогатото семејство на светот.

Семејството Волтон се сопственици на најголемиот светски трговски ланец „Волмарт“.

Понатаму на листата следат имиња кои се помалку познати за нас на Балканот: Јим и Мерлин Симонс, Чак Фини, Хансјоерг Вис, Пиер Омидјар, Гордон и Бети Мур итн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот