Кои се најчесто крадени автомобили во Германија?

Крадец / Фото: Профимедиа

Пред да почнеме, не, не е голф

Крадците на автомобили во Германија станале многу пребирливи. 

Дури седум од десет украдени автомобили припаѓаат на премиум SUV сегментот, а иако во 2020-та година биле украдени помалку автомобили од годината претходно, вкупната штета се проценува на 214 милиони евра.  

Според извештајот на Здружението на германската осигурителна индустрија (GDV), минатата година биле пријавени 10.697 украдени автомобили со сеопфатно осигурување, што е значително помалку од претходната година (14.229). Осигурителните компании во просек плаќале над 20.000 евра за покривање на штетата, пишува Карскупс. 

Кои се најчесто крадени автомобили во Германија? 

Деветтото и десеттото место меѓу најчестите цели на крадците со стапка од 3,4 украдени автомобили на 1000 осигурени единици ги делат BMW X5 и Hyundai Santa Fe. 

BMW X5 / Фото EPA-EFE/CYRIL ZINGARO

На осмото место е Porsche 911 (3,5 украдени единици на 1.000 осигуреници) со просечна цена на штета од 52.794 евра. 

На седмото место, изненадувачки, е најприфатливиот автомобил на листата, Toyota Prius (3,9/1000), за кој сопствениците бараа во просек 19.770 евра.  

Toyota Prius/ Фото Тwitter screenshot

Петтото место го делат Lexus NX и Toyota Land Cruiser (4,3 / 1.000) со просечни 28.718 евра и 38.794 евра, соодветно. 

Четвртиот, воедно и најскап автомобил на листата е Range Rover (5,9/1000) со просечни 60.067 евра штети од осигурителните компании.  

Третото место е на Kia Stinger (6,7 / 1.000) со просечни 31.738 евра, а второ за BMW X6 (9.0 / 1.000) со 45.408 евра.  

Апсолутен крал 

Апсолутен крал на озлогласената листа е Range Rover Velar со стапка од 15,5 украдени на 1.000 осигурени примероци и просечна цена на отштета од 52.158 евра.  

Range Rover Velar/ Фото Twitter Screenshot

Најбараната марка на автомобили меѓу крадците е Land Rover со сооднос од 1,9 украдени единици на 1.000 осигуреници. Второто место е на Porsche (1.0 / 1.000), по што следат Mazda (0.7 / 1.000), Mitsubishi (0.5 / 1.000), Toyota и Lexus (0.5 / 1.000), соодветно. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот