Кои се најбогатите сопруги на фудбалерите: Првите две тежат повеќе од сите останати заедно

Иако во јавноста најчесто се поврзуваат за своите посилни половини, голем дел од сопругите имаат своја работа или бизниси кои им носат вистинско богатство.

Некои од нив се и побогати од своите сопрузи, како што е случајот со пејачката Шакира и фудбалерот на Барселона, Жерар Пике, таблоидот „Сан“ направи листа на најбогатите сопруги на фудбалери кои богатството сами си го заработиле.

EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Викторија Бекам, сопругата на Дејвид Бекам „тежи“ 360 милиони фунти и е дел од модната индустрија како дизајнер. Наводно во 2019 година имаше загуби од 15.9 милиони фунти, додека тие се поголеми во 2020 година поради пандемијата на коронавирусот, но и тоа не и го одзеде статусот на најбогата сопруга на фудбалер.

EPA/LAURENT GILLIERON

Колумбиската пејачка Шакира се наоѓа веднаш зад Викторија Бекам со богатство од 220 милиони фунти, додека нејзиниот сопруг Жерар Пике тежи само 30 милиони фунти. Шакира во јануари годинава ги продаде правата на своите песни за непозната сума на пари, додека во кариерата има продадено повеќе од 80 милиони албуми.

Колин Руни, сопругата на Вејн руни се наоѓа на третото место со богатство од 14 милиони фунти кое го заработи со паметни инвестиции. Покрај тоа, Колин пишуваше и колумни за модни магазини, а има издадени и книга за деца. Исто така добра сума на пари заработи и со продажба на видео снимки со вежби за подобра линија.

Девојката на Кристијано Роналдо, Хорхина Родригез, се наоѓа на четвртото место со заработка од седум милиони фунти. Шпанката најголем дел од парите ги заработи преку објави на социјалните мрежи. Хорхина на Инстаграм има 24 милиони следбеници и од една објава може да заработи и до 250.000 евра, а згора на тоа е заштитно лице на одредени модни куќи кои ги рекламира.

EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Девојката на Алекс Окслејд-Чембрлен, Пери Едвардс е позната поп пејачка чие богатство се проценува на шест милиони фунти.
Кристин Лампард, сопругата на Френк Лампард тежи пет милиони евра, додека аргентинската манекенска и девојка на Пауло Дибала, Оријана Сабатини има четири милиони фунти на своето банкарско конто.

EPA/MATTEO BAZZI

Богатството на Ванда Нара која е сопруга но и агент на Мауро Икарди се проценува на три милиони фунти, а листата на десетте најбогати сопруги на фудбалери ја затвораат американската манекенка Еби Кленси која е во брак со Питер Крауч и тежи 2.5 милиони фунти, и актерката Хелен Фланаган која е сопруга на Скот Синглер чие богатство е проценето на два милиони фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот