Кои се дечките што се сретнаа со познатиот Gary Vaynerchuk?

Influencers Club

На социјалните мрежи кружи слика од двајца македонци сликани со познатиот инфлуенсер Gary Vaynerchuk.

За оние кои не го познаваат, Gary V. е главен извршен директор на VaynerMedia, маркетинг агенција со над 1,000 вработени. Автор на повеќе бестселери на тема бизнис и претприемништво.

Неговата публика на сите социјални медиуми брои повеќе од 50 милиони следбеници.

Кои се македонците кои успeajа да се сретнат со него?

Influencers Club

Се работи за двајца претприемачи од Скопје, Никола Соколов (лево) и Борис Соколов (онлајн). Браќата се ко-основачи на Influencers Club, компанија која за помалку од 3 години успеа да изгради тим од над 40 вработени без надворешна инвестиција.

Никола Соколов (29), дипломиран на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство при УКИМ рано во својата програмерска кариера го забележал својот претприемнички дух.

Во 2017 година се придружува на мала фирма од Сан Франциско каде 2 години работи како маркетер. Стекнатото искуство го користи за започнување на свои проекти:

Dexter.mk – платформа за едукација на студенти од ФИНКИ.
Buzz – друштвена мрежа со над 200 илјади месечни корисници од Балканот.

Influencers Club првично e алатка за растење број на следбеници на Инстаграм за подоцна да се ребрендира како алатка за наоѓање на креатори за инфлуенсер маркетинг (таканаречен sales intelligence tools for finding creators).

Борис Соколов (26) дипломиран на ФИНКИ при УКИМ, е познат во македонската јавност по своите хумористични видеа на Инстаграм.

Во проектите што ги има започнато со својот постар брат ја врши улогата на главен задолжен за изградба и одржување на производот.

Influencers Club моментално е фокусиран на целосно нова индустрија за креатори. Од почетокот на своето работење соработуваат со над 600 клиенти од целиот свет, меѓу кои и брендовите:

– Linktree
– Amazon
– AliExpress
– Wix
– Pearpop
– MindValley

Состанокот со Gary Vaynerchuk е огромен успех за Influencers Club, но исто така означува и будење на нова генерација на домашни претприемачи кои успешно настапуваат светскиот пазар.


Комерцијален текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот