Кои намирници содржат најмногу витамин Ц?

Склоност кон инфекции, малаксаност, болести во зглобовите, но и сува кожа на телото, рани што бавно зараснуваат и слично, се само некои од предупредувачките знаци кои ни кажуваат дека треба да го зголемиме внесувањето на овој моќен антиоксидант.

Првото нешто на што помислуваме кога станува збор за витамин Ц се додатоците во исхраната и консумирањето на цитрусно овошје, но добро е да се знае дека калинката, зелката, ацеролата, зелениот лиснат зеленчук, кивито и јагодите се, исто така, одлични извори на витамин Ц.

Пиперки чили: Половина шолја исечени пиперки чили содржи 107,8 мг витамин Ц, а научниците откриле дека пиперките се богати со капсаицин, соединение што ги прави лути, а помага во ублажување на болките во мускулите и зглобовите.

Црвена пиперка: Шолја исечени црвени пиперки содржи трипати повеќе витамин Ц отколку портокалите. Исто така, овој зеленчук е богат со витамин А што е одличен за здравјето на очите.

Зелена пиперка: Шолја зелени пиперки ја содржи дневната доза на внес на витамин Ц, а исто така, се добар извор на хранливи влакна кои помагаат во работењето на метаболизмот и варењето.

Кељ: Кељот е богат со витамин А и витамин К, а содржи 80 мг витамин Ц. Покрај тоа, честото консумирање ќе му обезбеди на организмот доволна дневна доза на минерали и незаситени масни киселини.

Брокула: Ова овошје е богато со витамин Ц и влакна, а содржи само 30 калории по порција. Некои истражувања дури покажуваат дека може да помогне во спречување на повеќе видови на рак.

Папаја: Папајата е егзотично овошје, а бројни студии покажаа дека ги чисти синусните канали, ја прави кожата помека и посјајна и ги зајакнува коските. Една шолја содржи 88 мг витамин Ц.

Јагоди: Полни се со витамин Ц и богати со фолна киселина, калиум, железо и магнезиум, односно со минерали кои се добри за здравјето на срцето и васкуларниот систем. Јагодите помагаат и вашите заби да бидат бели.

Ананас: Покрај тоа што содржи 78 мг витамин Ц, ананасот е богат со ензимот бромелаин, кој ја ублажува надуеноста и има антивоспалително дејство, со што го олеснува закрепнувањето на мускулите по вежбање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот