Кои ќе бидат новите добитници на Пулицеровата награда?

Вечерва ќе бидат познати добитниците на Пулицеровата награда за новинарство и уметност.

На Универзитетот Колумбија во Њујорк, ќе бидат  доделени наградите за новинарство во 14 категории, меѓу другото за известување, фотографија, критика, коментари и цртани филмови.

Наградите за уметност се доделуваат во седум категории, меѓу кои фикција, драма и музика.

Наградата ја доделуваат американските весници, списанија и интернет изданија.

Првите новинарски награди доделени се во 1917 година и станаа најпрестижното признание во САД.

Добитниците на наградата за јавна служба добиваат златен медал, а останатите добитници добиваат по 15.000 долари.

Наградата ја воспоставил Џозеф Пулицер, издавач на весник со потекло од Унгарија и еден од зачетниците на „жолтиот печат”. Во 1903 година на Универзитетот Колумбија ја основал првата новинарска школа.

Меѓу најпознатите добитници на наградата се Ернест Хемингвеј, Тенеси Вилијамс, Артур Милер, Јуџин Онил, Вилијам Фокнер, Џон Апдајк и многу други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот