Кои фудбалски екипи се најголеми трошаџии во 21. век, четири екипи фрлиле повеќе од две милијарди евра на засилувања

twitter.com/English_AS

Тешко дека и најголемите фанови би можеле да погодат од прва кој тим потрошил највеќе пари за засилувања од почетокот на 21. век.

Можеби прва асоцијација за најголемиот трошаџија кај фановите е еден од двата „пластични“ тима како ги нарекуваат Манчестер сити и ПСЖ поради нивните сопственици, кралските семејства на Обединетите Арапски Емирати, односно Катар.
Но, Манчестер сити се наоѓа на четвртото место, додека ПСЖ е дури на осмата позиција.

Роман Абрамович/EPA/KERIM OKTEN

Најголем трошаџија во 21. век е екипата на Челси чија ренесанса започнува со купувањето на клубот од страна на Роман Абрамович. Челси преку ноќ станува фаворит не само во Премиер лигата туку и во Европа.
Уште во првата година од преземањето на „сините“ од Лондон, Абрамович го отвори кесето и ги донесе Андриј Шевченко за 43.8 милиони евра, Микел Есиен за 38 милиони, Дидие Дрогба (30 милиони), Џо Кол (10 милиони), Матеја Кежман (7.5 милиони), Арјен Робен (18 милиони) и тоа беше почетокот на ерата на Абрамнович.

Во годините кои следеа сумите стануваа се поголеми, но за рускиот милијардер тоа не претставуваше проблем да плати 66 милиони евра за Алваро Мората, 50 милиони за Фернандо Торез, 80 милиони евра за Кепа Аризабалага, 64 милиони за Кристијан Пулишиќ, 57 милиони за Жоргињо…
во 21. век Челси купи 161 фудбалер за кои плати неверојатни 2.16 милијарди евра, а тоа им се врати со пет титули во Премиер лигата, две во Лигата на Европа, една во Лигата на шампионите, три Лига купа и шест ФА купа.

Роналдо и Меси/EPA/Alejandro Garcia

Втор на листата е Реал Мадрид кој ангажирал помалку фудбалери но плаќал поголемо обесштетување и тоа благодарение на претседателот Флорентино Перез кој не жалеше средства за неговите „галактикоси“.
Најскапо засилување за Реал во 21. век е Герет Бејл кој е платен 101 милион евра, еден милион помалку е платен за Еден Азар, Кристијано Роналдо чинеше 94 милиони евра, Хамес Родригез 75 милиони, Кака 67 милиони…
Поради ваквата политика на Перез, Реал од 2000 година па досега има шест титули во Ла Лига и им се насмевнува седмата, два Кралски купа, четири УЕФА Суперкупови, а има и дури шест триумфи во Лигата на шампионите.

На третото место се наоѓа Барселона со потрошени 2.12 милијарди евра. Каталонците за Фелипе Кутињо платија 145 милиони, Осман Дембеле ги чинеше 125 милиони, Антоан Гризман 120 милиони, Нејмар 88 милиони, Луис Суарез 82 милиони, Френки де Јонг 75 милиони, Златан Ибрахимовиќ 69.5 милиони…. а поголем дел од нивните трансфери посебно во последните 4-5 години се покажаа како промашувања и поради тоа немаат голем успех во Лигата на шампионите во последните пет години.
Сепак во 21. век Барселона и тоа најмногу благодарение на Пеп Гвардиола, освои четири титули во ЛШ, шест кралски купа, а има и дури 10 титули во Ла Лига.

Серхио Агуеро/EPA-EFE/JAMES BOARDMAN

На четвртото место е Манчестер сити кој со купувањето на клубот од страна на шеикот Мансур, „граѓаните“ потрошија 2.05 милијарди евра на засилувања, но освен титулите во Англија, изостанува успехот во европските купови каде најголем дострел е полуфиналето во ЛШ.

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

На петтото место се најде е италијанскиот шампион Јувентус кој потроши 1.98 милијарди евра кој има ангажирано убелдиво највеќе фудбалери, дури 252, додека шестиот на листата на трошаџии, Манчестер јунајтед има купебо само 98 играчи за 1.78 милијарди евра.

Најскапо засилување за Јувентус е Кристијано Роналдо кој е платен 117 милиони евра, додека Игуаин е купен за 90 милиони евра, но управата прво предводена од Бепе Марота, а сега од Ањели се покажа како една од најдобрите и носеше фудбалски ѕвезди бесплатно. Без ниту едно потрошено евро во Торино пристигнаа играчи како Андреа Пирло, Пол Погба, Луис, Кингсли Коман, Сами Кедира, Фернандо Љоренте, Дани Алвеш, Арон Ремзи, Адриен Рабио со што се заштедени неколку стотици милиони евра.

На листата на топ 10 најголеми трошаџии во 21. век се наоѓаат уште и Интер, ПСЖ, Ливерпул и Атлетико Мадрид.
Интересно е што германскиот гигант кој е еден од најактивните на пазарот се наоѓа дури на 16. место што е знак за неверојатно добрата работа на управата. Баерн во 21 век има 14 титули во Бундеслигата, 10 германски купа, една ЛШ и уште два порази во ЛШ.

ТОП 10 најголеми трошаџии во 21 век:
Челси 2.16 милијарди евра за 161 потпис
Реал Мадрид 2.13 милијарди за 103 потписи
Барселона 2.12 милијарди за 106 потписи
Манчестер сити 2.05 милијарди за 183 потписи
Јувентус 1.98 милијарди за 252 потписи
Манчестер јунајтед 1.78 милијарди за 98 потписи
Интер 1.59 милијарди за 276 потписи
ПСЖ 1.55 милијарди за 156 потписи
Ливерпул 1.46 милијарди за 164 потписи
Атлетико Мадрид 1.35 милијарди за 182 потписи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот