Кои бракови сигурно нема да успеат, откриваат организаторите на свадби

Додека многу парови стануваат силни за време на подготовката на свадбата, некои во тие моменти на стрес и возбуда ја откриваат вистинската  потенцијална проблематична страна во нивната врска.

Планирањето венчавка е финансиски предизвик и голем тест, а организаторите на венчавките велат дека често партнерите им се жалат како пред свадбата се гледа многу за тоа. Додека многу парови стануваат силни за време на подготовката на свадбата, некои во тие моменти на стрес и возбуда ја откриваат вистинската  потенцијална проблематична страна во нивната врска. Овие се кризните ситуации кои укажуваат дека парот нема да успее да го одржи бракот после венчавката.

Едниот партнер не учествува во планирањето на венчавката

Само невестата е заинтересирана за планирањето и деталите за венчавката. Младоженецот воопшто не се замара. Кај многу парови обично едната личност е повеќе заинтересирана за планирање од другата. Но, другата страна исто така повремено мора да се „вклучи“ дури и ако тоа не енегова работа.Кога ќе дојде време организаторот да праша „Имате ли вие воопшто вереник?“, тоане е добар знак.

Не се договориле околу буџетот

Многу парови, а најчесто невестата не е реална во врска со тоа колку може да си дозволи. Заборавете ја венчавката ако партнерот е до толку „во облаци“. Партнерите може да потекнуваат од различни социјално-економски статуси со различни доживувања на венчавките на кои присуствувале. Затоа некои треба да се „пресечат“ и да сфатат дека венчавките не се натпревар и дека никој не ги оценува.

Парот не се почитува

Кога невестата или младоженецот ќе посака одредена работа, а другиот прашува „Зошто сакаш да го направиш тоа?“, наместо „Ајде да разговараме и заедно да одлучиме“, тука настанува проблем.Иако секоја борба не мора да биде негативна. Можеби е нивни начин на функционирање.

Ако едниот партнер се обиде да контролира околу планирањето на венчавката може да излезе катастрофа

Партнерот кој го има под контрола планирањето на венчавката, може да биде таков и во бракот. Тој ќе сака да знае се –каде купувате, колку трошите, зошто сте го направиле тоа, зошто не сте избрале нешто друго. Кој сака да живее со таква личност.

Невестата или младоженецот не се согласува со семејството на својот партнер

Ако едениот партнер не се согласува со семејството на партнерот, тоа не  значи дека неговата врска никогаш нема да успее. Но, ако зборуваме за тоа каков ќе биде неговиот брачен живот укажува на потенцијални судири во него, кажуваат организаторите на свадби. Секој стрес или драма во текот на планирањето на венчавката говори за меѓусебната интеракција.

Парот не кажува отворено што очекува од венчавката

Пасивно-агресивен став или борба против малите детали можат да сугерираатна поголеми проблеми во врската. Во животот се наидува на поголеми одлуки од тоа кои цветни аранжмани треба да ги одберете или кои бенд ќе го ангажирате.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот