Кои болести се кријат зад мистериозното губење на килограмите!

девојка слабеење
Фото: Pixabay

Многумина мислат дека губењето на килограмите е позитивна работа, но во некои случаи тоа може да биде дури и опасно. Ако не се обидувате да ослабнете, а мистериозно ги губите килограмите, тоа не е добар знак.

Причина за тоа може да биде нешто што се случува во организмот, а ние ви ги откриваме некои од причините.

Цревна болест

Некои состојби како Кронова болест, целијакија, улцерозен колитис, оштетување на цревата, нетолеранција на лактозата, може да предизвикаат лоша апсорпција на хранливите материи, што доведува до губење на тежината. Може да е во прашање и хронична болест на црниот дроб. Симптомите на болестите на цревата најчесто се намален апетит, мачнина или повраќање, подуеност на стомакот.

Тироидна жлезда

Тироидната жлезда, која лачи хормони, може да влијае на метаболизмот, и хипертиреодизам и хипотиреоидизам може да доведат до проблеми со тежината. Во зависност од тоа дали лачи премалку или премногу хормони, нарушеното работење на тироидната жлезда може да предизвика нагло слабеење или дебелеење, со тоа што зад наглото губење на килограмите стои забрзаното работење на штитната жлезда.
Ненадејно губење на тежината, дури и кога вашиот апетит и количина на храната која ја внесувате останале исти или дури се зголемиле.

Дијабетес

Двата типа на дијабетес може да доведат до губиток на тежината. Кога телото ќе престане да произведува инсулин (или не го произведува на адекватен начин), телото не може да го обработи шеќерот, па мисли дека умираме од глад. За да создаде енергија, тоа ги согорува мускулите и мастите, поради што губите на тежина.

Ревматоиден артритис

Повеќето луѓе помислуваат на болни и вкочанети зглобови кога ќе се спомне ревматоидниот артритис, но уште еден чест систем е ненамерното губење на тежината. Освен чувствителните, отечени и крути зглобови, ревматоидниот артритис предизвикува и треска, замор и губење на тежината.

Депресија

Депресијата често може да доведе до намалување на апетитот. Намалениот внес на калории може да доведе до губење на тежината. Може да постојат и придружни нарушувања во исхраната, па и тоа треба да се испита. Лекувањето вклучува мултидисциплинарен пристап.

Паразити

Звучи вознемирувачки, но е можно. Губењето на телесната тежина обично е последица на малапсорпција и потхранетост бидејќи паразитот, всушност, ги зема хранливите состојки кои лицето ги внесува. Важно е да се внимава на личната хигиена, затоа редовно мијте ги рацете, а при патувања внимавајте да пиете исправна вода и да јадете правилно обработена храна.

Рак

Необјаснивото намалување на телесната тежина за 10 или повеќе килограми, е еден од најчестите симптоми на ракот на хранопроводот, панкреасот, белите дробови или желудникот. Вообичаени симптоми кои може да предизвикаат значајно намалување на килограмите се: зголемен замор, губење на апетитот, болки во стомакот, надуеност, дигестивни пречки, краток здив, промени во навиките за уринирање.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот