Кои банкноти први ќе го добијат името „Северна“?

Како што беше најавено уште во март, според одлуката која ја потпиша гувернерката Анита Ангеловска-Бежовска, новото име на државата ќе стои и на банкнотите.

Според информациите, новото име на Народната банка ќе биде напишано со промената на банкнотите од 10 и 50 денари.

Па така зборовите „Народна банка на Република Македонија“ според одлуката ќе бидат заменети со зборовите „Народна банка на Република Северна Македонија“.

На почетокот на 2020-та година се очекува промената на првите нови банкноти и потоа, да бидат целосно заменети најдоцна во рок од 5 години од отварањето на релевантното ЕУ поглавје.

Дел од медиумите пренесоа дека НБРМ веќе склучила догобор согласно кои ќе се прави промена на банкнотите односно ќе се набават нови и банкноти со 10 и 500 денарки, со истиот дизајн на кој само ќе биде додадена Северна во името на Република Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот