Кои 12 амандмани ги предлага Путин?

Еден од амандманите предивува минималната плата во Русија да не биде под границата на сиромаштија, но и пензиите редовно да бидат индексирани.

Една од промените кои рускиот претседател Владимир Путин денеска ги достави до руската Државна дума (Парламент) е да се ограничи можноста на два претседателски мандати вкупно, а не како досега, на два мандати едно по друго.

Еден од 12-те амандмани на Путин предвидува претседателот да биде тој кој ќе формира Државен совет, каде ќе членуваат гувернери на регионите и високи федерални претставници.

Доколку бидат усвоени, руската Државна дума ќе добие право да ги одобри кандидатурите за премиер и заменик премиер.

Со оглед на тоа што Парламентот ќе добие поголеми овластувања, претседателот сепак ќе ја задржи моќта да менува премиери и министри, но останува и врховен командант на руските воени сили.

Поголеми овластувања ќе добие и Уставниот суд, како што е на пример, именувањето и разрежувањето на генералниот обвинител и неговите заменици на предлог на претседателот.

Исто така, еден од амандманите предвидува високи владини претставници да не можат да имаат странско државјанство, ниту дозвола за престој во друга држава, а кандидатот за претседател мора да има над 35 години и да живее во Русија најмалку 25 години.

Еден од амандманите предивува минималната плата во Русија да не биде под границата на сиромаштија, но и пензиите редовно да бидат индексирани.

Руската Државна дума веќе за в четврток го закажа првото од вкупно трите читања на нацрт-измените на Уставот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот