Коха: Приштина ја очекува ,,спектакуларен неуспех” во Интерпол
Косово и оваа година нема да успее да добие членство во меѓународната полициска организација Интерпол. Приштинските медиуми тврдат дека преставниците на владата во Приштина веќе добиле информација од Интерпол дека годинава нема да добијат подршка за членство во полицксата организација.
Приштинскиот дневен весник ,,Коха” наведува дека косовската пријава за членство во Интерпол сеуште не е повлечена поради инсистирањето на премиерот во оставка Рамуш Харадинај. Коха коментира дека тврдоглавоста на поранешниот премиер Харадинај ќе го доведе Косово да се соочи со ,,спектакуларен неуспех.
Владата во Белград пак соопшти дека сеуште се води тешка борба на дипломатски план и лобирање меѓу земјите членки за да се оневозможи Приштина да влезе во Интерпол.
Токму неуспехот за членство на Косово во Интерпол на почетокот на годинава ја испровоцира владата на Рамуш Харадинај да воведе таски од 100 проценти за увоз на српките производи. Оваа одмазничка контра мерка предизвика закочување на дијалогот Белград-Приштина за идниот статус на Косово .