„Коха“: МСП на Косово ги снабдува амбасадите со знамиња на ОВК

Дипломатско-конзуларните претставништва на Косово ширум светот се опремени со контингент знамиња со грбот на ОВК, а претставниците на овие мисии велат дека не добиле никакви упатства или информации за тоа како да ги користат, пренесува Коха.

Косовското Министерство за надворешни работи не дава објаснувања, а кабинетот на премиерот Авдулах Хоти не е запознат со овој чин, кој уследи неколку недели по потврдените обвиненијата против поранешни високи лидери на ОВК, осомничени за воени злосторства и злосторства против човештвото, наведува Косово онлајн.

Испораката на знамињата беше извршена преку брза пошта, а во пратката недостасуваше објаснување и упатство од Министерството за тоа како да се постапува со овие знамиња. Ова го потврдиле дипломатски претставници, кои сакале да останат анонимни.

Некои вработени објавија фотографии на социјалните мрежи со симболот на ОВК.

„Коха“ наведува дека од понеделникот барала одговор од косовското Министерство за надворешни работи за причината за испраќањето на знамињата, но не добила одговор, како и дека во канцеларијата на Хоти велат дека немаат информации за оваа пратка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот