Архива на СП

Коха: Косово доби јасна порака дека за ЕУ не е држава

Сѐ уште има пет држави членки кои тоа не го признале, рече Стано.

Во текстот се наведува дека, меѓутоа, никогаш до сега не било толку јасно дадено до знаење дека Косово не е држава за Европската Унија и дека не може да се пријави за членство во Унијата, како што тоа неодамна го направи портпаролот на ЕУ Петер Стано на конференција за новинарите, пренесува Косово онлајн.

Коха потсетува дека Стано ова го кажа одговарајќи на прашањето дали Косово може да се пријави за членство во ЕУ, откако сега е дел од обврските во документите потпишани во Вашингтон, каде што беше ветено дека нема да се бара членство во меѓународните организации.

Стано не сакаше да коментира што се случило во Вашингтон, кажувајќи дека тоа ги засега страните во договорите, а не ЕУ, туку се ограничи на објаснувања во врска со можноста Косово да аплицира за членство во ЕУ.

„Што се однесува до вашето прашање дали Косово ќе може да се пријави за членство во ЕУ, морам да ве потсетам на фактот дека сѐ уште има пет држави членки кои тоа не го признале. Косово сѐ уште не е во можност да поднесе формална пријава за членство во ЕУ“, кажа портпаролот на ЕУ, додавајќи дека Косово има јасна европска перспектива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот