Коха: Кој работи на политизирање на ААВМУ?

Проверката на поднесените кандидатури за членови на Советот на Агенцијата за медиуми, аудио и аудиовизуелни услуги предизвика многу реакции во јавноста. Собраниската комисија за именување премина во втора фаза кога се утврдуваат членови чии кандидатури се косат со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, пишува весникот КОХА.

Станува збор за кандидатурата на Нафие Селмани, советник во Општина Чаир од редовите на Алтернатива, воедно и член на Централното претседателство на Алтернатива до 2021 година. Иако кандидатите мора да заверат изјава на нотар дека ги исполнуваат условите и дека и кривично ќе одговараат доколку лажат, Селмани не се двоумеше да се кандидира и да каже дека ги исполнува условите, иако нејзината кандидатура е во спротивност со член 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, објави КОХА.

Без да ја спомне Селмани по име, токму членката на собраниската Комисија за именувања од Европскиот фронт, Илире Даути ја напушти седницата бидејќи, како што рече, има членови чии кандидатури се спротивни на член 5, став 3, кој наведува дека „членови не можат да бидат лица кои во изминатите 10 години до денот на објавување на конкурсот биле или се дел од партиски органи“.

– Не сакам да сум дел од политизацијата на Агенцијата за медиуми, агенција која треба да биде целосно независна и да служи на секој од нас и надвор од нас што сме овде. Во знак на протест можам само да ја напуштам оваа Комисија, а не да бидам дел од оваа политизација на Комисијата и она што е уште поважно, политизација на медиумите во РСМ – рече пратеникот Даути.

Инаку, Нафие Селмани  беше член на Претседателството на Алтернатива до 2021 година, кога поднесе оставка во знак на незадоволство бидејќи Алтернатива како дел од Владата на СДСМ-ДУИ немаше најдено место за жените во извршната власт. Потоа, на локалните избори беше кандидат за општински советник во Чаир, задача која ја извршува и денес.

„Во оваа прилика, моите пријатели, пред сѐ мои поддржувачи, ги известувам дека од последниот состанок на Централното претседателство се откажав од секаква улога и ангажман во партијата Алтернатива! А една од главните причини за мојата оставка е токму незастапеноста на жените во извршната власт“, напиша самата Селмани во декември 2021 година.

Дека била член на Претседателството на партијата се гледа и од статусите каде актуелниот претседател на Собранието, Африм Гаши во 2020 и 2021 година во својство на претседател на партијата Алтернатива. Тој потврдил дека г-ѓа Селмани е член на Централното претседателство.

Нафие Селмани на последните избори беше кандидат за пратеник од листата на партијата на косовскиот премиер, Албин Курти, шеста во првата ИЕ, додека пред два локални изборни циклуси беше кандидат на движењето БЕСА за градоначалник на Град Скопје.

„За членови на Советот не можат да се именуваат лица кои биле дел од органите на партијата во последните 10 години, сметајќи го денот на објавувањето на конкурсот“, се вели во став 3 од член 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Реагираше и Здружението на новинари на Македонија. Директорот на ЗНМ, Драган Секуловски, за КОХА вели дека собраниските филтри треба да го гарантираат легитимитетот на кандидатите за да може процесот да биде сигурен и да се избегне ситуација во која некои кандидати подоцна би биле јавно критикувани поради нивните очигледни врски со одредени политички партии.

– Сите кандидати мора да ги исполнуваат законските критериуми и парламентарните филтри мора да гарантираат легитимитет на кандидатите за процесот да биде кредибилен и да се избегне ситуација во која некои кандидати подоцна ќе бидат јавно критикувани поради очигледни врски со одредени политички партии – рече Секуловски, притоа уверувајќи дека будно ќе ја следи јавната расправа и изборот на членови на Советот во Агенцијата.

„Здружението на македонските новинари будно ќе ги следи јавните прашања на кандидатите за Регулаторниот совет за медиуми. Многу е важно овој процес да биде транспарентен и сите новинари и други заинтересирани страни да бидат поканети на јавната расправа, која треба да се емитува во живо на собранискиот канал на Македонската радио телевизија. Транспарентноста на процесот на селекција на членовите е предуслов за примена на таканаречениот ‘систем за заслуги‘ при назначувањето на најдобрите кандидати за оваа важна улога во новиот мандат“.

Во меѓувреме, внатрешната Комисија на секретарот на Собранието ја изгласа и кандидатурата на Афрона Врзиволи, член на Алијанса на Арбен Таравари.

– Проблематично во кандидатурата на Врзиволи е нејзиното назначување, а потоа и разрешување за главен ревизор на ИПА фондовите – велат од албанската опозиција.

Опозицијата смета дека Врзиволи е политичко лице, бидејќи самиот Таравари ја спомна како член на Алијанса кога беше објавен скандалот дека Врзиволи нема лиценца да биде директор во Ревизијата на ИПА фондовите. Дополнително, Верзиволи нема најмалку 8 години работно искуство со медиумите, како што налага Законот.

Автор: Ведат Мемедалија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот