„Коха диторе“: Постигната е принципиелна согласност за отворање на железничка линија Приштина-Белград

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Германија и специјален пратеник на претседателот Доналд Трамп за дијалогот меѓу Косово и Србија Ричард Гренел, кој престојува во Белград по вчерашната посета на Приштина, вели дека, по иницијатива за авиолинија меѓу Приштина и Белград, двете земји постигнале принципелна согласност и за отворање на железничка линија меѓу двата главни градови, јави приштински „Коха диторе“.

Според весникот, како што јави дописникот на МИА од Приштина, на средба со помала група новинари по состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ, Гренел информирал дека засега станува збор за начелен договор, додека деталите, на експертско ниво, ќе се разработуваат од идниот понеделник во Берлин.

Американскиот дипломат изјави дека согласноста на косовската страна ја добил за време на средбите со државните челници во Приштина, но веста не ја објавил без да добие согласност и од српската страна во Белград.

Прочитајте и...  Гордан Грлиќ-Радман: Во Унијата има позитивна клима за прием на Северна Македонија и Албанија

Гренел изјави дека, по постигнувањето на договорот за авионската линија, ова е „уште еден мошне значаен позитивен чекор” за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Тој очекува заживување на договорите во што поскоро време, но одби да спомнува рокови.

Прочитај повеќе

Уапсен капетанот на авионот што се распадна на три дела во Истанбул

Слободен печат

Словенија е подготвена да ги затвори границите ако се зголеми ризикот од коронавирусот

Слободен печат

Белата куќа ќе побара дополнителни пари од Конгресот за борба со коронавирусот

Слободен печат

ХИВ позтивни жени во Јужноафриканската Република биле стерилизирани без нивна согласност

МИА Агенција

Исламски џихад го прекина огнот со Израел

Слободен печат

Кинескиот амбасадор во Москва тврди: Кина има вакцина за новиот коронавирус

МИА Агенција

Остави Коментар

20 − девет =

Прочитај повеќе

Доларот профитира поради стравот од брзото ширење на коронавирусот

Слободен печат

Партијата на Харадинај бара да не се укинуваат таксите за српските производи

Слободен печат

Илјадници мајмуни заразени од коронавирус: Научниците експериментираат за да дојдат до ефикасна вакцина (ВИДЕО)

Слободен печат

Нетанјаху нареди да продолжат нападите врз појасот Газа

МИА Агенција

Нови снимки на НАСА: На Антарктикот за шест дена се стопиле десет сантиметри мраз

Слободен печат

Продажбата на паметни телефони во Кина опадна за повеќе од една третина

МИА Агенција