Кого следат функционерите и лидерите од регионот на Инстаграм? (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Функционерите и лидерите на политичките партии од земјата и регионот во последно време почесто се вртат кон модерните технологии, заради што и нивната активност може да се следи на социјалните мрежи. Тастатурата стана омилено „оружје“ на политичарите кои се угледуваат на светските колеги и ја препознале предноста на овој вид на комуникација.

Инстаграм во последните години е социјална мрежа со најголем раст, заради што и тие се почесто се вртат кон овој начин на известување на јавноста за активностите и пружаат можност на граѓаните да дознаат се што ги интересира.

Меѓутоа, колку политичарите се заинтересирани за активностите на колегите и кој од лидерите од регионот следат кого на оваа социјална мрежа?

Премиерот Зоран Заев, на Инстаграм има над 45.000 следбеници и ги следи бугарскиот премиер Бојко Борисов, хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, претседателот на Словенија, Борут Пахор, албанскиот премиер Еди Рама, косовскиот екс премиер Рамуш Харадинај и претседателот на косовското собрание Кадри Весељи. Заев на Инстаграм следи 123 профили.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, меѓу 46-те профили кои моментално ги следи, на листата има колеги од регионот – Колинда Грабар-Китаровиќ, Борут Пахор, Бојко Борисов, претседателот на Црна Гора Мило Џукановиќ и премиерот на Унгарија Виктор Орбан.

Следењето му беше возвратено од претседателот на Црна Гора, кој ги следи и Виктор Орбан, Колинда Грабар-Китаровиќ, Борут Пахор и косовскиот претседател Хашим Тачи.

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов го следи официјалниот профил на премиерот Заев, потоа на претседателите на Србија, Словенија и Косово, како и премиерските профили на Унгарија и Албанија.

Албанските лидери не ги следат активностите на политичарите од регионот

Албанските лидери на социјалните мрежи не ги следат активностите на политичарите од регионот.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, од политичарите во регионот ги следи активностите единствено на претседателот на косовското собрание Кадри Весељи.

Од друга страна, ниту претседателот на Србија преку Инстаграм не ги следи активностите на албанските лидери и политичари од Приштина.

Словенскиот претседател е „кралот на Инстаграм“

„Кралот на Инстаграм“, како што американскиот портал Политико своевремено го нарекла словенскиот претседател Борут Пахор, е прилично активен на интернет.

Кабинетот на претседателот на Словенија соопштил дека тој бил директно вклучен во раководењето на профилот на Инстаграм, во што му помага асистент. Покрај споделувањето на деталите од својот живот, тој на оваа социјална мрежа ги следи и активностите на своите граѓани, но и на своите колеги: Меѓутоа на неговата листа се наоѓаат само претседателите на Србија и Хрватска.

Колинда не следи никого на Инстаграм, Харадинај само сопругата

Иако повеќето политичари ги користат социјалните мрежи за комуникација со граѓаните, некои од нив истите ги користат само по принципот – јас своето си го кажав, а вие коментирајте. Како светските ѕвезди кои бележат милионски следбеници на Инстаграм, претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ (која ја следат 347 илјади профили) на оваа социјална мрежа не следи никого.

Виртуелниот живот и двосмерната комуникација со граѓаните не го интересираат ниту премиерот на Унгарија Виктор Орбан, што покажува и фактот дека на оваа социјална мрежа тој не следи никого.

Од друга страна, премиерот на Албанија Еди Рама следи 16 профили, но ниту еден од нив не припаѓа на некој од неговите колеги, па меѓу тие кои ги следи нема ниту еден политичар туку профили за дијан и уредување на простор.

Бившиот премиер на Косово Рамуш Харадинај на Инстаграм ја следи само својата сопруга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот