
ФОТО | Кого љуби Лука Дончиќ? Симпатијата од детството го издржала тестот на времето и славата прераснувајќи во вистинска љубов
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ (25) не само што ги освојува НБА терените, туку и срцата на навивачите ширум светот. Сепак, неговото срце ѝ припаѓа на една личност, а тоа е Анамарија Голтеш, прекрасната Словенка со која ја споделува животната приказна која започнала во неговото детство на хрватското приморје. Нивната љубов, која го издржала тестот на времето и славата, неодамна доби ново поглавје со преселбата во Лос Анџелес, откако Дончиќ неочекувано се пресели од Далас Маверикс во Лос Анџелес Лејкерс.
Препорачано
View this post on Instagram
Лука и Анамарија првпат се запознале како деца кога имале 12 години на летен камп на островот Крк, а Дончиќ ја потврди оваа информација во емисијата „Headliners with Rachel Nichols“, истакнувајќи дека тој и денес го посетува истиот камп.
Таа детска симпатија прераснала во сериозна врска во 2016 година и оттогаш се неразделни.
View this post on Instagram
Иако кариерата на Лука брзо напредуваше и вниманието на медиумите растеше, парот успеа да ја задржи приватноста. Анамарија, која е успешна манекенка и инфлуенсерка со речиси 250 илјади следбеници на Инстаграм, повремено споделува моменти од нивниот заеднички живот, но секогаш со примеси на дискреција.
На 7 јули 2023 година, Лука ја запросил Анамарија, симболично избирајќи го датумот што одговара на бројот на неговиот дрес (77). Среќната вест ја споделија на социјалните мрежи со романтична фотографија од запросувањето.
View this post on Instagram
На крајот на истата година, тие станаа родители на ќерката Габриела. Успешно ја чуваа бременоста во тајност до породувањето, што е реткост денес. Дури на крајот на годината Анамарија на Инстаграм објави серија фотографии од тој период, вклучувајќи фотографии од трудничкиот стомак и првите фотографии од бебето.
View this post on Instagram