Кога ви „кркорат“ цревата доцна во ноќта имаме совршен предлог кој ќе ве засити

Unsplash
Unsplash

Кога пред полноќ ќе почнат да ви „кркорат“ цревата, а не сакате да јадете нешто што ќе ве остави без сон или ќе влијае на вашата линија имаме совршен предлог за вас. Не се двоумете дали да зготвите вкусна супа и доцна навечер, бидејќи ќе имате подготвен прилог за утрешниот ручек кој само треба да го ставите во фрижидер и следниот ден да го затоплите, а притоа и вие ќе се заситите без да го оптоварите стомакот.

Можете да го искористите зеленчукот што веќе го имате во фрижидерот. Брзите супи немаат никаква сличност со брзата храна, бидејќи се прават исклучиво од зеленчук, а доволно е да ги зачините со неколку фини состојки.

Искористете го тоа што го имате дома – погледнете, на пример, дали ви останал карфиол, брокула, спанаќ или некој друг зеленчук што не сте го искористиле. За почеток измијте го и исечкајте го на еднакви парчиња за да се вари рамномерно.

Експериментирајте со зачини – ставете сè во еден лонец, додајте масло или путер, малку кромид или некоја слична состојка како млад кромид, млад лук или праз. По свој вкус зачинете со сол и црн пипер или други омилени зачини. Со карфиолот на пример одлично оди кари, а морковот сака ким и ѓумбир. Експериментирајте со зачини, па со текот на времето ќе најдете свои омилен комбинации.

Супа или вода ако немате готова супа, зеленчукот полејте го со вода, но тогаш додајте зачини за подобар вкус. Супата инаку можете лесно да ја сварите и поделите на неколку порции, па да ги замрзнете. Освен супи, добро ќе ви послужат и разни сосови, а тоа го олеснува готвењето кога немате доволно време.

Блендирајте – откако сè е готово, земете рачен блендер и изблендирајте. Не заборавајте дека врелите состојки не смеете да ги ставате во статичен блендер, па ако го користите него, тогаш нека се изладат малку, па потоа блендирајте ги.

Збогатете ја – за дополнителен вкус додајте павлака или млеко. Тоа ќе ја направи супата по кремаста.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот