ФОТО | Кога ви е здодевно на снег… позирајте во бикини! Кендал Џенер во секси издание на снежните падини на Аспен

кендал џенер
Фото: Принтскрин / Instagram

Кендал Џенер навидум е имуна на студ – 26-годишната долгонога манекенка објави трио храбри фотографии на кои е облечена само во оскудно црно бикини и крзнени чизми додека се весели по снегот.

Кендал Џенер смислила начин како да го направи студеното време забавно… или барем забавно да се гледа. Ријалити ѕвездата одмараше во Аспен и во средата сподели видеа на кои се гледаат нејзините извонредни сноуборд способности додека се спушта по планината. Но, сноубордингот не беше нејзиниот единствен спорт овие денови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kendall (@kendalljenner)

Манекенката се забавуваше на снегот и на друг начин – позирајќи во црн бикини, и тврдоглаво спротиставувајќи се на екстремно ниските планински температури.

„Вим Хоф рече ледени бањи“, напиша таа покрај нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kendall (@kendalljenner)

62-годишниот Вим Хоф, кој е познат и по називот Ледениот човек, е холандски мотивациски говорник и екстремен спортист. Вим е познат по неговата способност да издржи екстремно ниски температури… и јасно е дека Кендал чувствува дека може да ги следи неговите стапки, со големи чизми.

Па… можеби Кендал инспирираше многу други да го сторат истото, бидејќи таа доби повеќе од 9 милиони лајкови на својата објава на Инстаграм,

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kendall (@kendalljenner)

Релаксацијата на Џенер, покрај ризичната фотосесија на ниските температури, вклујчуваше и други активности како што се вечера во ресторанот во Аспен „Little Nell“ како и посета на изложбата на Енди Ворхол во локалниот „Art Museum“.

Досега таа за жал не објавила ниту една фотографија од момчето Девин Букер како ужива во снегот и нејзиното друштво, иако можеби тој стои зад објективот на овие „смрзнувачки“ фотографии.

 

Видео на денот