Кога сте заглавени дома: Олимписки шампион тренира користејќи го каучот! (ВИДЕО)

фото: твитер

Се поставува прашањето дали во периодот од 24 јули до 9 август ќе се одржат Олимписките игри поради коронавирусот, а Витлок е трпелив од тој аспект.

Макс Витлок, кој е двократен олимписки шампион во гимнастика, најде начин како да го помине времето во домашна изолација.

Британецот кој се подготвува за настапот на наредната Олимпијада го искористи домашниот кауч како тренинг.

Се поставува прашањето дали во периодот од 24 јули до 9 август ќе се одржат Олимписките игри поради коронавирусот, а Витлок е трпелив од тој аспект.

Легендарниот американски атлетичар Карл Луис смета дека Игрите во 2020 година во Токио треба да бидат презакажани поради пандемијата на коронавирус. Според него, најдобро е Олимпијадата да се одложи за во 2022 година.

Инаку забрането е користењето на вежбалните и јавните простори за вежбање во Велика Британија во периодот на пандемијата.

Витлок тренира во домашни услови, а освен тоа дели и совети, вежби кои би ги користеле луѓето кои се во своите домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот