Кога се чувствуваат непријатно, глумат „ладни“: Психолошки профил на хороскопските знаци – РАК

Наизглед крути и дрски, а всушност Раковите кријат сложена емотивна структура и длабоко внатрешно доживување. Тоа се луѓе кои се создадени од силни емоции и кои длабоко преживуваат сè што се случува околу нив. Изгледаат пасивно, молчаливи се, внимателни и таинствени.

Страшливиот Рак се повлекува во себе штом забележи непознат, бидејќи она што му е познато го доживува како опасност. Но, многумина од Раковите не се плашат и не се грижат толку за себе колку за своето семејство, а посебно за децата. Имаат посебно чувство за грижа околу семејството, а исто и за зачувување на традицијата. Не важат за агресивни, но кога се во прашање оние кои ги сакаат, како и нивниот дом, бестрашно ќе застанат во нивна одбрана.

Религиозни се, духовните вредности повеќе ги ценат од материјалните, а љубовта им е најважна! Но, истовремено и на професионален план можат многу да дадат.

Кога имаат јасна цел: упорни се и одлучни, не трошат време за излегување, друштво и забави, туку се насочени кон работата и семејството. Имаат многу познаници, а само малкумина ги нарекуваат пријатели. Кон нив се несебични и великодушни, кон сите останати се скептични. Не се склони на фалење, дури и претеруваат во самосожалување. Кога се во поголемо друштво и на некои јавни собири, чувствуваат непријатност против која се борат со „ладно“ држење, цинични забелешки и алкохол. Они кои ги познаваат ги сакаат поради нивната великодушност, доверливост, чувствителност и грижливост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот