Кога косата ви е мрсна, а треба да излегувате: Употребете го овој трик со средството за дезинфекција на раце

Unsplash
Unsplash

Ако итно треба да ја напуштите куќата, а косата е мрсна, потребно ви е брзо решение, а во случајов тоа е средство за дезинфекција.

На сите ни се случува да мора да треба брзо да го напуштиме домот, но косата да ни е мрсна, а немаме време да ја измиеме. Овој проблем е можно брзо да се реши со едно средство кое се споменува секој ден во последно време поради пандемијата на коронавирусот.

Ставете малку алкохол или течно средство за дезинфекција на врвовите на прстите (не на дланката) и истријте го на коренот на косата. Нежно масирајте во скалпот, проверете дали секој дел е покриен. Притоа, навалете ја главата надолу. Кога ќе застанете, ќе видите дека промената е евидентна и косата ќе изгледа помалку мрсна, пишуваат на страницата 24часа.хр

Имено, алкохолот кој е дел средствата за дезинфекција на кожата, како што се средства за дезинфекција на рацете или санитарни салфетки, во овој случај помага да се потисне насобраната маснотија, а притоа и дава волумен на косата.

Сепак, не го правете тоа често – тоа е трик што се користи само ретко, само во итни случаи. Имено, алкохолот генерално не е добар за косата, па дури и за кожата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот