Турскиот Фенербахче во четири дена доживеа два порази и тоа го налути тренерот Жељко Обрадовиќ. Славниот српски тренер по поразот во Евролигата од Армани беше лут на своите бекови, а денешниот пораз во турскиот шампионат од Галатасарај со 83:64 го разгневи Обрадовиќ.
Повторно на удар беа бековите, поточно Боби Диксон кој кога примети дека Обрадовиќ ќе му вика поради лошата игра, избега на клупата за резервни играчи. Погледнете ја комичната ситуација:
Zeljko Obradovic, Bobby Dixon’a tepkili. (video by @tivibuspor)#BSLpic.twitter.com/QKu7O60CsR
— TrendBasket (@TrendBasket) October 27, 2019