Кога ќе се измешаат машките и женските хормони – Слободен печат
ЗдравјеМагазин

Кога ќе се измешаат машките и женските хормони

Некои лекари наведуваат дека вишокот естроген е причина што мажите често боледуваат од кардиоваскуларни болести. 

Верувале или не, женското тело зависи од тестостерон, а мажите тешко можат да живеат без естроген. Меѓутоа кога нештата ќе излезат од контрола, здравствените последици можат да бидат сериозни.
Доколку на еден средовечен маж му се прошири половината како резултат на дебелеење, нивото на холестерол ќе му се прибижи до опасната граница, мускулите повеќе не му се толку цврсти, па можеби ќе помислите дека проблемот е во тоа што не вежба доволно.
Но, исто така проблемот можеби е во вашето тело, односно дека имате поголемо количество на женскиот хормон естроген.

Машки и женски хормони

Склони сме кон размислувањето дека хормоните како тестостерон и естроген, се исклучиво или женски или машки. И тоа е точно.

Естрогенот е од голема важност за женскиот менструален циклус, но и за сјајот на кожата и косата, додека тестостеронот се доживува како машки хормон, кој има важна улога во плодноста на мажот и во создавањето на сперма. Меѓутоа, многумина ќе бидат изненадени од фактот дека и мажите и жените ги произведуваат и двата хормони. На мажите им се потребни женски хормони за јакнење на коските, а на жените им се потребни машките за јакнење на коските, мускулите и либидото.

Сепак, најважно е и машките и женските хормони да бидат урамнотежени. Проблемот се јавува кога рамнотежата на хормоните може да се промени. Докажано е дека таквата појава најчесто ги погодува мажите, а не е реткост мажите по одредени години во телото да имаат повеќе естроген од жените. За мажите не е добро кога во телото имаат вишок естроген, бидејќи тоа може да резултира со разни тегоби типични за тие години, како дебелеење, проблеми со простата и згрутчување на крвта.

Некои лекари наведуваат дека вишокот естроген е причина што мажите често боледуваат од кардиоваскуларни болести. Истражувањата покажуваат и дека вишокот естроген во машкото тело може да го зголеми ризикот за добивање дијабетес.

Ниту за жените не е добро кога во телото имаат премногу тестостерон, бидејќи тоа доведува до неплодност, влакнавост и други проблеми.

Тесна врска меѓу двата хормони

Наспроти фактот дека естрогенот и тестостеронот имаат различни ефекти, и двата хормони се тесно поврзани. Поточно, естрогенот настанал од тестостеронот. Рамнотежата помеѓу нив главно не предизвикува проблеми кај мажите, сè додека не дојдат во средовечното доба. Во тој животен период тестостеронот драстично опаѓа. Во ова доба не се поштедени ниту жените кои во тие години поминуваат низ менопауза и тогаш се намалува производството на естроген, па нивното тело почнува полека да „наликува“ на машко.

Намаленото либидо знак за депресија

Иако сексуалните односи во поголемиот број случаи го подобруваат расположението, кај оние кои страдаат од депресија, сепак, не е така.

Најновата студија покажува дека 75 отсто депресивни пациенти имаат намалено либидо и желба за интимност. Ова е ран и сериозен знак за депресија, особено кај младите мажи.

Но, експертите објаснуваат дека треба да разговарате со лекарот за терапијата имајќи предвид дека многубројни антидепресиви влијаат на либидото и можат да ја намалат желбата за сексуални односи.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close