Кога ќе одиграм лош натпревар сосетката ми удира шлаканица

twitter/driesmertens

Белгискиот репрезентативец Дрис Мертенс веќе шест години е дел од Наполи. Тој по доаѓањето од ПСВ стана еден од надобрите фудбалери на Наполи ѝ е еден од милениците на навивачите.

– Фудбалот во Италија е како некоја убава болест. Луѓето се заразени со љубовта кон овој спорт од детството па се до староста. Над мене живее една госпоѓа која има 75 години. Секое утро ми кажува: „Добро одигра, добро момче си и слично“. Сепак, знам да одиграм лош натпревар, а тогаш знам и да добијам шлаканица. Да, неколку пати ми удри шлаканица и ми рече дека морам да бидам подобар. Тоа во Белгија го нема – вели Мертенс за интернет страна на Серија А.

Долгиот престој во Неапол е потврда дека животот во Италија му одговара на Белгиецот.

– Се чувствувам како да сум роден во Неапол, имам многу пријатели тука. Луѓето гледаат дека на теренот секогаш го давам најдоброто од себе, а надвор од него се обидувам да живеам како секој обичен жител на Неапол. Преубав град, јазик, се е совршено – открива напаѓачот на Наполи.

Во Неапол има нов прекар кој му го дадоа навивачи, Чиро, а тој им врати со 114 постигнати голови досега. Има само еден гол помалку од легендарниот Диего Марадона, а седум помалку од Марек Хамшик кој е најдобар стрелец во историјата на Наполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот