„Кога ќе најдете маж што издржува еден час во кревет, пратете ми го“: Сопругата на Дино Дворник со коментарот предизвика бурни реакции

Instagram

Даниела Дворник, сопругата на починатиот хрватски пејач Дино Дворник, доби интересен коментар на серијата фотографии што ги објави на нејзиниот инстаграм-профил, кој не беше баш во контекст со фотографиите.

„Ми треба маж кој издржува еден час во кревет“ ѝ напишала една жена во коментар.
„Кога ќе го најдете, пратете ми го“, се пошегува Даниела, а нејзиниот коментар поттикна коментари и од други жени кои се согласија со неа.

Даниела на своите фанови им призна дека ѝ здодеало седењето дома и дека почнува со тренинзи, па покрај фотографијата напиша:

„Ова е загревање, зашто од утре стартувам со тренинзите кои ми недостасуваат бидејќи веќе долго не сум во некој мој ритам. Бидејќи целата мината година ни беше ненормална, а ни оваа не почна многу подобро, малку се опуштив. И таа вистина ме прогонува и ноќ и ден. За 2022 година имам план да се качам на Килиманџаро, па би било добро да почнам со подготовките“, напиша Даниела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот