Кога јазикот е побрз од мислата, легендата на Јувентус се извини на коментарот за Марадона

epa05251284 Italy's head coach Antonio Cabrini leaves the pitch after the UEFA Women's EURO 2017 qualifying soccer match between Switzerland and Italy at the Tissot Arena in Biel, Switzerland, 09 April 2016. EPA/PETER KLAUNZER

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Антонио Кабрини, се најде на мета на големи критики поради изјавата за Диего Марадона.

Кабрини кој 13. години го носеше дресот на „старата дама“ по смртта на Диего Армандо Марадона изјави дека Аргентинецот ќе бил жив доколку играл во Јувентус.

– Доколку играше во Јувентус, Марадона ќе беше жив уште долго време. Опкружувањето во Неапол го уништи. Во Торино е поинаку отколку во Неапол. Неговата љубов кон Наполи беше силна и автентична, но во исто време и болна. Диего беше легенда и џентлменски противник на теренот. Како и сите големи шампиони, можеше да го прикаже и најдоброто и најлошото во исто време – рече Кабрини.

Тешка навреда за Наполи и Неапол: Доколку играше во Торино, Марадона сè уште ќе беше жив

По големите критики во јавноста, Кабрини мораше да се извини за претходно кажаните зборови.

– Моите зборови се погрешно протолкувани, на никого не му држев час по морал, тоа беше коментар за енергијата на градот кој има голема страст. Сакав да кажав дека помирно опкружување во какво што живеев јас во Торино, најверојатно ќе го заштитеше. Им се извинувам на сите кои можеби ги навредив – порача Кабрини.

Пороците кои го уништија Марадона: Не можеше без кокаин, а пред него клечеа кумовите на мафијата

ВИДЕО: Наејмотивната приказна: За да спаси живот на дете, Марадона играше фудбал во кал

Најинтересните изјави на Марадона: Кој танцува со својата сестра, зашто Роналдо продава шампон за коса…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот