Кога имав 14 години ме присили на АБОРТУС: Темното минато на малечката невеста на КРАЛОТ НА КОКАИНОТ – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеПланета

Кога имав 14 години ме присили на АБОРТУС: Темното минато на малечката невеста на КРАЛОТ НА КОКАИНОТ

Викторија Хенао, сопругата на Пабло Ескобар, открива детали од приватниот живот на колумбискиот наркобос.

Викторија Хенао (58) својот сопруг, озлогласениот колумбиски наркобос Пабло Ескобар го запознала кога имала само 12 години, а тој 23. 

На 14 години ја присилил на абортус во некоја мрачна уличка.

„Не знаев што се случува, само покорно го следев“, открила во својата нова биографија, опишувајќи како жената кај која ја однеле ставала некои пластични цевки во неа додека таа не почнала да крвари.

Потоа Ескобар ја однел дома и рекол да ги следи упатствата што ѝ ги дала жената и да го известува за нејзината состојба.

Викторија Хенао со Ескобар

И по трауматичниот абортус останала со Пабло. По една година, кога имала само 15 години, се венчале во црквата во Колумбија.

Викторија, Пабло и нивните деца

Ни нејзините ни родителите на Пабло не сакале да присуствуваат на венчавката, а Викторија на тој ден се сеќава со помешани чувства.

„Од една страна го сакав, но истовремено се плашев од него“, рекла таа.

Ученичка и домаќинка

Набрзо почнала да слуша гласини за бројните прељуби и авантури на Пабло. Живееле заедно, таа наутро би одела на училиште, а по враќањето дома ја преземала улогата на домаќинка.

Набрзо забременила. Во четврта година средно, се присетува, ја замолила професорката по англиски јазик да ја пушти од испит бидејќи ѝ пукнал водењакот.

Бројни афери и љубовници

Како што раснело влијанието на Пабло, така и бројот на љубовни афери станувал сè поголем.

Според гласините, во текот на својот живот Пабло Ескобар имал 49 љубовници.

Меѓу неговите афери била и онаа со Венди Гил, која траела неколку години, со која, како што кажува Викторија, го запознал негов богат пријател.

Вирџинија Валехо

Водителката Вирџинија Валехо била една од неговите љубовници, која раскажува дека и покрај тоа што знаела дека Ескобар е женет, се впуштила во врска со него.

Со Елси Софија бил во врска две години, а потоа таа му дала ултиматум да ја остави сопругата, но Пабло не го исполнил нејзиниото барање.

Вирџинија Валехо

„Не можев да го оставам. Не само зашто го сакав, туку и од страв. Се чувствував беспомошно и не знаев што ќе биде со моите деца и со мене без него, рекла Викторија за Дејли мејл.

Стравот бил посилен

Стравот на Викторија бил оправдан бидејќи Пабло не се повлекувал од ништо. Подоцна го нарачал убиството на неговата долгогодишна љубовница Гил кога помислил дека станала доушник.

Ескобар е убиен во 1993 година, а Викторија и нејзините синови ги смениле своите идентитети.

Во 2000 Марија и нејзиниот син биле обвинети за перење пари но по 15 месеци биле ослободени поради недостаток на докази.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close