Кога го работиш тоа што го сакаш

Самоукиот творец – Сака да слика.

Никој никогаш не му рекол дека е талентиран.

Колекционер на играчки.

Има 40 години.

Си купува штафелај, бои и четки и започнува да слика…

Тоа што немал пари за да си дозволи часови по уметност, не го спречило да го посетува Лувр и преку воочување да ги проучува најголемите и омилените уметнички творештва, па преку фотографија, магазини и каталози, Хенри ја учел анатомијата на човечкото тело.

На 41 годишна возраст, го запознава светот со својата уметност – „детинеста”, „премногу вибрира…”; Светот има само лоши критики за неговите творештва. Што прави Русо? Ги зачувува сите овие критики во својот дневник. Заминува на World’s fair каде егзотичните пејсажи целосно го обземаат бидејќи го потсетувале на авантуристичките приказни кои ги обожувал како дете… Кога се вратил, пејсажите полни бои не му излегувале од глава, па конечно седнал да го твори она што имагинацијата го генерирала.

Секоја година Хенри го посетувал World’s fair, но критиките од експретите се’ уште биле исти – Хенри црта како дете! „Ако сакаш да се изнасмееш, ѕирни го творештвото на Хенри Русо”. Но сега Хенри е навикнат на лошите критики и не му е гајле. Тој знае дека твори во едноставни црти со тешки бои.

Неколку години подоцна, Хенри се’ уште живее во сиромаштија – но многу среќен поради неговите егзотични творештва. „Си има мало никаво студио, ама се буди секое утро со најголемата насмевка” пишува во неговата биографија… Чека, но нема фанови. „Само неандарталец би ги сметал неговите творештва за некаква уметност”, продолжуваат критичарите.

Хенри старее. Сега е 1893, има 49 години. Веќе не е колекционер на играчки, се посветува на уметноста. Истата година го запознава писателот Алфред Џери, кој ќе му го даде надимакот „Цариникот”. Алфред го запознава Русо со членови на Париската уметничка и авантгардна сцена, вклучувајќи ги Пикасо, Макс Џејкоб, Гијом Аполониер, Мери Лоренсин, кои набргу стануваат големи фанови на неговите творештва. Русо тогаш успева да стекне бизнис врски со битни уметнички дилери, но сепак, и покрај познанствата, заработува многу малку пари од неговата уметност. Хенри сега има скоро 65 години. БУУУУМ! Една цела нова генерација млади уметници се ФРАПИРАНИ од неговите творештва! Почнуваат да се распрашуваат за него, да го бараат, да го препознаваат… Пред смртта, Хенри го создава неговото „мастерпис” творештво „The Dream” (1910) со што конечно ги добива заслужените добри критики. Иронијата на сето ова е што на Хенри не му требала позитивната критика – тој и онака го љубеше тоа што твори. Русо почина на денешен ден во 1910 година, на 66 годишна возраст, во Париз. По неговата смрт, тој продолжува да ги инспирира уметниците, од неговиот пријател Пикасо до Фернанд Легер, Макс Ернст и Надреалистите. Денес, Музејот на Современа Уметност во Њу Јорк (MoMA) ги има во сопственост две од неговите најпознати творештва „Тhe sleeping Gipsy” (1897) и „The Dream” (1910). Други негови творештва се во соптвеност на Националната Галерија на Вашингтон, Музејот на Уметноста во Филаделфија и многу други музеи и инстиуции низ Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот