Кога децата „цртаат“ по мебелот: Како да ги отстраните флеките? - Слободен печат
МагазинСемејство

Кога децата „цртаат“ по мебелот: Како да ги отстраните флеките?

Кога ќе здогледате флеки од хемиско пенкало или разни боици сигурно се прашувате што да направите и како да ги исчистите? Еве како!

Цртајки на креветот или столицата, на децата лесно им се случува од белиот лист хартија да „прејдат“ на мебелот и да остават флеки кои на родителите им задаваат главоболки.

На некои деца тоа им се случува и намерно, а ги има и оние мали бунтовници кои тоа го прават „за инат“, но како и да е сепак тоа се деца, и ние сме биле деца и сигурно сме го правеле истото.

Кога ќе здогледате такви дамки од хемиско пенкало или разни боици сигурно се прашувате што да направите и како да ги исчистите?

Една мајка на Фејсбук го сподели својот трик со чија помош ги отстранува дамките од хемиското пенкало од мебелот, а потребни ви се само две состојки – масло од чајно дрво и вода.

За чистење на мебелот употребила масло од чајно дрво и вода. „Растворив масло од чајно дрво во вода и го напрскав троседот и со четка триев“.

Таа споделила и фотографии од претходно уништениот мебел и мебелот по чистењето, а луѓето биле воодушевени од резултатот, многумина и се заблагодариле, а верувајте ќе и бидете благодарни и вие. Пробајте нема што да загубите!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close